Нова медицинска опрема од проект ХОПЕ во рамки на проектот „ПериМак“, инициран како партнерство за унапредување на здравствената заштита на мајките и децата, ќе добие денеска ЈЗУ Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир.
По тој повод, министерот за здравство Венко Филипче ќе ја посети болницата.
Целта на проектот во кој досега се вклучени Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“- Чаир, Универзитетската клиника за детски болести, Клиничката болница во Тетово и Општата болница во Куманово, е зголемување на стапката на преживување кај пред време родените бебиња во Македонија.
Извор: МИА