На петта седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести. Заклучоците ќе бидат доставени до Владата која за нив ќе одлучува на следната Владина седница, соопштуваат од владината прес служба.
Помеѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до ГККШ се и укинувањето на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.

Усвоен е и заклучокот за укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица.
За усвоените заклучоци, Владата ќе расправа и одлучува на следната Владина седница