• Latest

„Гласај!“ – нова иницијатива на ЦИВИЛ за граѓанско учество и излезност на изборите

July 7, 2020

Папата Лео XIV повика да запрат војните во Украина и Газа, го поздрави примирјето меѓу Индија и Пакистан

May 11, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 10 мај 2025 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Претседателот на Украина, Зеленски: Добар знак е што Русите конечно почнуваат да размислуваат за завршување на војната, очекуваме прекинот на огнот да почне утре, 12 мај

May 11, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски: Очекуваме Русија да го потврди прекинот на огнот – целосно, трајно и сигурно – од утре, 12 мај

May 11, 2025
фото: ЦИВИЛ Медиа

Свирепо убиство во кичевско Србјани: Син го уби таткото со секира, мајката во критична состојба

May 11, 2025

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

May 11, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Студентите во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно радикализација на протестите

May 11, 2025
Фото: Плакат

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

May 11, 2025

Парламентарни избори во Албанија, Рама се надева на четврти мандат, Бериша на враќање на власт по 12 години

May 11, 2025
Владимир Путин (Wikimedia Commons)

Путин повикува на „директни разговори“ со Украина на 15 мај во Истанбул, европските лидери бараат прекин на огнот

May 11, 2025

Парада на победата во Москва, 9 мај 2025 година

May 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

„Гласај!“ – нова иницијатива на ЦИВИЛ за граѓанско учество и излезност на изборите

Познати јавни личности, граѓански активисти, актери, музичари, новинари ја препознаа важноста на правото на глас и зошто е потребна излезноста на 15 јули и ја поддржаа инцијативата на ЦИВИЛ. Тие, преку видео обраќања, Фејсбук статуси, со Фејсбук рамката „Гласај / Voto“, преку илустрации и на други креативни начини, ги повикуваат граѓанките и граѓаните на излезност.

July 7, 2020 11:36
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ја поведе иницијативата „Гласај / Voto“ на социјалните мрежи, за да им даде поттик на граѓанките и граѓаните да го искористат своето право на глас и да излезат на гласање на 15 јули. Изборите нѐ затекнаа во време на пандемија кога заштитата на јавното здравје е приоритет. Затоа, ЦИВИЛ повикува на гласање, но и на максимално придржување кон мерките за заштита од коронавирусот на денот на гласањето.

Познати јавни личности, граѓански активисти, актери, музичари, новинари ја препознаа важноста на правото на глас и зошто е потребна излезноста на 15 јули и ја поддржаа инцијативата на ЦИВИЛ. Така, во оваа иницијатива ја поддржаа: Перо Арсовски, актер и голем поборник за демократски и европски вредности, Дорина Ајдини, граѓанска активистка и популарна ТВ водителка, Ирена Стеријовска, режисерката и активистка, музичарот Мирко Попов, познат и како ПМГ Колектив, Анита Латифи, новинарка и активистка, Зоран Кардула, дизајнер и активист, Бубо Каров, мултимедијален уметник, Катерина Колозова, универзитетска професорка и граѓанска активистка, и други.

Тие, преку видео обраќања, Фејсбук статуси, со Фејсбук рамката „Гласај / Voto“, преку илустрации и на други креативни начини, ги повикуваат граѓанките и граѓаните на излезност. Во своите јавни обраќања, популарните поддржувачи на иницијативата објаснуваат зошто е важно да се гласа, кои се придобивките од остварување на гласачкото право, што нив ги мотивира да бидат активни чинители во општеството, како изборите придонесуваат кон демократијата и, се разбира, како да се заштитиме и да бидеме безбедни од Ковид-19 на денот на гласање.

Преку иницијативата на ЦИВИЛ, граѓанките и граѓаните може да се информираат за своите права и за сите најважни аспекти на изборниот процес, преку новата веб страница ГЛАСАЈ, VOTE.CIVIL.ORG.MK.

Меѓу другото, на оваа веб страница може да се најдат одговори на често поставуваните прашања: „Кога се изборите? За што гласаме? Што се случува на избирачкото место? Каде гласам? Дали ми треба документ за идентификација? Кого да контактирам во случај на нерегуларности? Колку е безбедно да се гласа? Како да се заштитам за време на гласањето?“

Гласај / Voto е името на Фејсбук настанот на страницата на ЦИВИЛ, на која граѓанките и граѓаните можат да ја искажат својата поддршка за оваа важна граѓанска иницијатива.

Фејсбук рамка на иницијативата

Предвремените парламентарни избори на 15 јули нѐ затекнаа во време на пандемија кога заштита на нашето здравје е приоритет. Затоа на денот на гласање сите треба да се придржуваме кон мерките за заштита ќе бидеме безбедни и сигурни дека нашиот глас ќе придонесе за иднината на нашата земја – се вели во текстот на настанот, а во продолжение се одговорите на прашањето „Зошто е важно да се излезе на гласање на 15 јули?“.

„Затоа што си ја сакам земјата. Затоа што преку гласање на избори, ние граѓаните владееме со нашата татковина. Затоа што правото на глас е основно човеково право. Затоа што така одлучуваме за својата и иднината на државата. Затоа што правото на избор е основа на секое демократско општество. Затоа што со својот глас граѓанките и граѓаните не дозволуваат некој друг да одлучува место нив. Затоа што сакам да влијаам врз политиките кои се значајни за секојдневниот живот. Затоа што излезноста ја гарантира легитимноста на избраните претставници, но истовремено ја зголемува нивната одговорност. Затоа што за функционална држава потребни се функционални институции и здрава средина за развој на демократијата. Затоа што секој глас одредува во какво општество ќе живееме “ – се одговорите на овие важни прашања кои ги сугерира ФБ настанот на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бубо КаровГласајДорина АјдиниизбориизлезностиницијативаПеро АрсовскиЦивил
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ