Тимовите на ЦИВИЛ денеска се на терен во полошкиот и охридскиот регион како дел од проектните активности на „Гласам, значи постојам.“
Во моментот се наоѓаат на плоштадот во Гостивар. Во присуство на локалните медиуми тимот на ЦИВИЛ ги презентираа заложбите на организацијата и начинот на мониторирање на референдумот.
ЦИВИЛите преку инфо-штанд и можност граѓанките и граѓаните да ги изразаат јавно или анонимно своите ставови, коментари и размислувања за референдумот.
Тимот на ЦИВИЛ денеска ќе биде и во Струга со почеток од 14 до 16 часот. Истата можност за разговор и пренесување на своите пораки утре ќе имаат и граѓанките и граѓанките на Битола, Могила и Прилеп.
Проектот „Гласам, значи постојам“ е поддржан од амбасадата на САД во Скопје.