• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Ѓоковиќ тенисерот се пласира во второто коло на УС Опен, Новак националистот одамна е во финалето

August 27, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ѓоковиќ тенисерот се пласира во второто коло на УС Опен, Новак националистот одамна е во финалето

August 27, 2024 15:32
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Утрово, како главна вест на голем дел од македонските портали се појави информацијата дека најдобриот тенисер на светот  Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Раду Албот од Молдавија во првото коло на УС Опен со резултат 3:0, по сетови 6:2, 6:2 и 6:4.  Со огромна радост се споделува информацијата дека тој со оваа победа соборил уште еден рекорд и станал тенисерот со најмногу триумфи во историјата на стадионот Артур Еш во Њујорк, стигнувајќи до неверојатни 78 победи на најголемиот тениски објект на планетата.

За Новак Ѓоковиќ нема граници. Но, не само во тенисот.

Несомнено, Новак како тенисер е величина, но, се додека ги учи децата дека не треба да се вакцинираат, и додека со насмевка се слика со ракијата „Дража“, посветена на четничкиот генерал од Втората светска војна, и задскриен зад фразата „кој пее зло не мисли“ не гледа ништо спорно во пеењето на стихот „српското знаме се вее од Призрен до Румија“ со кој ги провоцира народите на Косово и Црна Гора, Ѓоковиќ е далеку од тоа да биде и човечка величина.

Дотогаш, големиот тениски шампион Новак, останува малиот националист Ѓоковиќ.

Тажно е тоа што го искористи својот статус на божество за да ги заведе широките народни маси и за спроведување на националистички агенди. Наместо да биде вистински спортист, комплетна личност која испраќа пораки за љубов, взаемно разбирање, соживот и мир, додека се води од универзални вредности, она што најмногу боде очи, и го подгрева говорот на омраза провоцирајќи меѓунационална нетрпеивост и конфликти, имајќи ја предвид популарноста и влијанието кое го има на овие простори,  е неговиот национализам, кој е веќе толку очигледен, што повеќе не може да се сокрие зад пријателството со доскорешниот хрватскиот тренер, или со неговиот бошњачки хокус-покус шаман.

Дека е спортист само во техничка смисла на зборот, а не личност која се придржува целосно на спортскиот дух, докажа со мешањето на политиката и спортот. Како шампион, врвен спортист и идол на младите, ќе мораше повеќе да внимава на секој изговорен збор. Треба да знае дека неговиот збор има тежина, дека луѓето се поистоветуваат со него, ги следат неговите пораки…

Кога Новак на камерата во Париз на Роланд Гаро ќе испише „Косово је срце Србије“, како продолжение на „славното“ видео кое го сними по избивањето на големите протести во Белград поради прогласувањето независност на Косово во 2008 година, во кое вели „Ние сме подготвени да го браниме она што со право е наше. Косово е Србија“,  тоа не е обичен изблик на патриотизам, тоа е повик на стотици илјади приврзаници во Србија да ги откопаат воените секири. Новак Ѓоковиќ повторно ја промовира пропагандата на српските националисти и ја злоупотребува спортската платформа за да го стори тоа, кршејќи ги принципите на спортот и Олимписката повелба за „политичка неутралност“.

Или кога при неговата посета на Босна во 2021 година се појавија фотографии од неговата средба со командантот на „Дринските Волци“, единица која учествуваше во геноцидот во Сребреница во 1995 година, каде што повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња беа егзекутирани само заради нивната муслиманска вера.

The world’s No. 1 men’s tennis player Novak Djokovic spent the last few days hanging out w/ a former underling of convicted genocidaire Ratko Mladic, & contemporary genocide denier & secessionist Milorad Dodik. Let’s see how many sponsorships “Nole” loses as a result. pic.twitter.com/lnVhMMwV3U

— Jasmin Mujanović (@JasminMuj) September 19, 2021

Подоцна, се споделуваше и видео кое го прикажува Ѓоковиќ како пее на свадба, прегрнат со националистичкиот водач на босанските Срби Милорад Додик, чии сепаратистички тенденции моментално ја предизвикуваат најголемата криза во земјата од крајот на војната 1992-1995 година.

Фото: скриншот

Не е наивно ниту позирањето на тогаш најдобриот светски „рекет“ со српската ракија „Дража“, во луксузна кутија со слика на четничкиот генерал Драгољуб Дража Михаиловиќ, фашистички колаборационист, со натпис „Направено во чест и слава на хероите на Равна Гора“, која Ѓоковиќ со широка насмевка ја прими како подарокму од сопственикот на компанијата што ја произведува споменатата ракија, кој е и еден од симпатизерите на ПОКС (Покрет Обнове Краљевине Србија)…

Напротив, сосема се вклопува во бранот на повампирениот големосрпски шовинизам кој со рехабилитација на четничкото движење сака од колаборационистите на нацистите во втората светска војна сака да направи воени херои преку прекројување на историјата, дисторзично прикажување на историските настани од тој период низ новиот филмски бран во Србија, што може да се види од објавата на Quora од извесен Лукиќ Миле кој вели дека „вистинските четници биле елитни борбени групи, слични на САС во Британија“.

Играњето на картата „кој пее зло не мисли“ имаше своја премиера во 2020 година, кога српската репрезентација го освои АТП купот во 2020 година, Ѓоковиќ, заедно со своите соиграчи, пееја националистички песни, меѓу кои и „Видовдан“ – заедничка мелодија за Косово што беше истакнато за време на војните со распадот на Југославија.

Во негова одбрана со контроверзна изјава излезе неговиот татко Срѓан.

„Новак е националист, се разбира, и јас сум исто така“, изјави тој за српските медиуми.

Или кога на овогодинешната Олимпијада во Париз ја пее национал-хегемонистичката песна „Весели се српски роде“, навредувајќи и провоцирајќи најмалку две држави и народите што живеат во нив. Ги напаѓа Косово и Призрен  и, спомнувајќи ја Румија, ги провоцира и навредува Црногорците и нивниот суверенитет.

🇷🇸 VESELI SE SRPSKI RODE! pic.twitter.com/Vr1nWLkDLT

— Arena Sport TV (@arenasport_tv) August 4, 2024

Времето веќе не е на страната на Ѓоковиќ, барем не она тениското, и се поставува прашањето што ќе се случи со него кога наскоро за него ќе се изгаснат рефлекторите на големите тениски терени.

Дали неговите врвни спортски достигнувања ќе бидат доволни да остане запаметен како Ноле, големиот тениски шампион, или на него првенствено ќе се сеќаваат како подбуцнувач на конфликти, пеењето националистички песни, шовинистичките изјави, лажирањето тестови за КОВИД, чудните Њу Ејџ верувања, турнирот за време на пандемијата , Новакс -теоретичарот на заговор со титулата Ковидиот.


Текстот е личен став на авторот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:

Случај Новак Ѓоковиќ: Предводник, маскота, или марионета на српскиот национализам?

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ