• Latest
Добро утро со Орданоски

Горчината од бугарските навреди

November 2, 2020
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Горчината од бугарските навреди

Која е таа простачка позиција да имате амбиција, во 2020 година, паралелно со вестите дека на Марс е откриена вода (!), да го доведувате во прашање чувството за идентитетска припадност на еден, вам, соседен народ?! Да ја спорите „чистината“ на неговиот мајчин јазик, во време кога секој млад Бугарин или Македонец преферира да зборува подобро англиски или германски, од македонски или бугарски јазик?! Да ја омаловажите подготвеноста (конечно!) да се сподели славењето на заедничките историски личности кои го одбележале минатото на оваа географија пред 120 и 1020 години?! Да предлагате (Каракачанов) да испратите бугарски инженериски НАТО-полк за тргање на споменици во Македонија, во време кога уште има високи бугарски офицери кои не можат да добијат сертификати за безбедност во тоа НАТО, бидејќи работат за...

November 2, 2020 07:55
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Сите политички аспекти на сегашната бугарска позиција во однос на блокирањето на македонските евро-интеграции се веќе добро изанализирани и аргументирани. Не само во македонската, туку и во меѓународната јавност – како и во самата Бугарија, бидејќи таму, сепак, по силата на бројките, статистички има повеќе паметни луѓе отколку во Македонија! Се јавија бројни експерти од разни области кои елоквентно предупредуваат на тесноградоста на таа политика, но и на контра-ефектот што официјална Софија ќе го постигне во сите важни регионални димензии (економски, безбедносни, политички, културни итн.). Најголемото „пукање в колено“, всушност, ќе си го направат самите бугарски националисти кои или ништо или многу малку и со брзо минлив дневно-политички триумф ќе го постигнат на домашен политички план,; а секако епохално многу, на долги стази, ќе предизвикаат уназадување на „пробугарските“ позиции во Македонија, ако овдешната сцена сакате да ја анализирате и со тој речник.

Но, тоа е едното ниво на регресирање во регионалната геополитика за кое, велам, многу се изнапиша и се кажа во изминативе неколку недели.

Другото ниво е фрапантниот простаклук на тие ставови, „исчистен“ од политичките димензии зад кои срамежливо се крие, како што смоквиниот лист има улога ништо да не сокрие, а сепак да го покрие погледот врз „гениталиите“ на таквата политика.

Всушност, ова ниво е она што е далеку понавредливо за Македонците.

Имено, ликови како Каракачанов (нему не мора ни името да му го знаете, презимето веќе му е доволно препознатлив „бренд“, како на времето „брендовите“ на Караџиќ и Младиќ, на пример) или некаков Андреј Ковачев (човеков е доктор на науки, европски пратеник, па дури и „федералист“, како што му пишува во биографијата!) доаѓаат од истиот националистички балкански „бунар“ од кој се пролеаја три-четири војни при распадот на Југославија, неколку децении пред нивната сегашна бугарска „инкарнација“. Каракачанов е примитивната, кафеанска, силеџиска балканска варијанта на тој „бренд“; а овој Ковачев е истата имитација, само малку бриселски „исполирана“, светната во речникот, евтина балканска керамика која се претставува за европски порцелан.

Која е таа простачка позиција да имате амбиција, во 2020 година, паралелно со вестите дека на Марс е откриена вода (!), да го доведувате во прашање чувството за идентитетска припадност на еден, вам, соседен народ?! Да ја спорите „чистината“ на неговиот мајчин јазик, во време кога секој млад Бугарин или Македонец преферира да зборува подобро англиски или германски, од македонски или бугарски јазик?! Да ја омаловажите подготвеноста (конечно!) да се сподели славењето на заедничките историски личности кои го одбележале минатото на оваа географија пред 120 и 1020 години?! Да предлагате (Каракачанов) да испратите бугарски инженериски НАТО-полк за тргање на споменици во Македонија, во време кога уште има високи бугарски офицери кои не можат да добијат сертификати за безбедност во тоа НАТО, бидејќи работат за… Или, со неверојатна дрскост (Ковачев), да барате германскиот нацизам да ви го „покрие газот“ за текот на историските настани во Бугарија за време на Втората светска војна?! Па, денешна Германија е светски демократски лидер (и тоа во онаа цивилизирана, либерално-конзервативна варијанта) токму затоа што победниците од таа светска воена катастрофа ѝ забранија да лаже за својата нацистичка историја!

Е, тоа простачко ниво е понавредливо од самиот факт што ваквата бугарска политика може да го успори македонскиот идеал официјално да стане земја-членка на европското семејство на демократијата.

И кога тоа НЕМА да се случи – ако не сега, тогаш за неколку месеци од сега – ќе остане горчината на навредата не заради тоа што некој во Бугарија мисли дека ќе спечали нешто за себе во својата домашна политика, туку затоа што сме биле приморани да се расправаме со такви простаци чии македонски „сијамски близнаци“, овдешната, македонска демократска средина ги има политички маргинализирано во нивните партиски крадени „бели дворци“, за да не пречат во остварувањето на македонскиот, граѓански, евро-атлантски сон.

Во таа работа, Бугарите не се ни на половина пат од нас, а прават сè да нè вратат таму каде што самите се прилично заглавени.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ