Гордана Јанкуловска поранешната министерка за внатрешни работи, доби 4 наместо 6 години затворска казна за случајот „Тенк“ одлучи Апелацискиот суд во Скопје.
„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет во јавноста познат како „Тенк“ , по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г. Ј. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од четири години. Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди“ се вели во сооопштението на судот.
Во останатиот дел првостепената пресуда судот во целост ја потврди. Сепак, Јанкулоска има право да побара одложување на казната додека нејзиното дете не наполни една година, а тоа е до крајот на јуни годинава.