Граѓанскиот активист и блогер, Јане Ѓорѓиоски, на панел дискусијата „Сајбер напади – предизборно оружје“ во организација на ЦИВИЛ, вели дека сајбер нападите се случуваат во точно време, бидејќи ширење на информацијата е толку брза и тие знаат кога да извршат сајбер напад за да се спречи некоја информација да се прошири.
„Пример Црна Гора се соочува со сајбер напади откако влезе во НАТО, Државната изборна комисија ја напаѓаат за време на изборите, нашиот вебсајт Фронтлајн го напаѓаат откако влезе во агрегаторот, што заначи повеќе читаност, претходно не бевме напаѓани“, вели Ѓорѓиоски.
Тој додава дека во 2015 година за време на средношколските протести направил сатиричен видео клип за на тој начин им помогне на средношколците да се слушне нивниот глас. Веднаш по објавеното видео имаше сајбер напад и видеото му беше избришано од јутјуб каналот, а пријавувачот на видеото за да биде цензурирано, беше админот на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ.
Ѓорѓиоски нагласи дека видеото за средношколците беше избришано од јутјуб, и не поднесе жалба бидејќи процедурите се големи и треба време, а тие добро знаат дека потоа и да се објави повторно видеото тогаш нема да има ефект.
„Но, за среќа веднаш се понудија неколку граѓански активисти да ми дадат нивни видеа и повторно направив видео кое имаше голем ефект со над 120 000 прегледи“, додава тој.
Ѓорѓиоски заклучува дека некогаш тие што прават сајбер напади може лошо да им се одразат, бидејќи граѓаните се солидаризираат и си помагаат меѓусебе.
Д. Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Владимир Перчуклиевски
фотографија: Биљана Јордановска