• Latest

Гостивар чмае во сиромаштија и невработеност

December 20, 2016

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гостивар чмае во сиромаштија и невработеност

December 20, 2016 12:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Празни улици. Пуст плоштад. Намерници од време на време чекорат со замислен поглед. Во кафулињата малкумина пијат кафе и муабетат. На едната страна повозрасни, наспроти нив, млади момци и девојки… Првите замислени, брчките се потврда дека маките низ животот продолжуваат. А, младите со изблици на радост, го должат еспресото за да им трае оваа сметка до пладне, оти толку им се парите…, се вели во репортажата од Гостивар на Грин ЦИВИЛ. 

15609429_10211762681360495_393434236_o

Иако летимична, оваа беше перцепцијата на екипата на ЦИВИЛ, при последната посета на Гостивар. Љубопитни погледи не следеа на сите страни. Разменивме збор-два со повеќемина. Запознавме и желни за разговор, сакаа да се изнаприкажат и со нас да ја поделат маката. Но, сите, сите инсистираа на својата анонимност.

„Гостивар само пред 6-7 години беше убав град. Денес е пуст, празен и тажен. Си заминаа луѓето. Оние похрабрите со цели семејства одат и не се враќаат. Катанци висат на куќите, еве и две-три лета поминаа, но моите соседи не се вратија. Во Белгија се, кај блиските. Други пријатели ми заминаа во Германија. И секој овде има по некој свој, што одлета во Европа, зашто никој не сака веќе да се мачи. Ниту напредок, ниту надеж за напредок има“, ни рече еден 50-годишен гостиварец, што го сретнавме случајно на градскиот плоштад.

Во Гостивар, освен во државната администрација, речиси и да нема можност за нови вработувања. Редовна социјална помош користат 3.160 домаќинства, а 1.000 граѓани добиваат парична помош за нега на друго лице. И вака со години. Бројките не се менуваат. Дури и поволностите што се нудат преку Агенцијата за вработување, не им одат во прилог на невработените.

„Ме праќаат да работам во фирми кои се на раб на пропаст. Ја прифаќам секоја понудена работа. Но, што кога не ми дале плата. Таму кај што ме испратија, фирмата се затвори. Останав и без пари и без осигурување“, ја сподели со нас приказната една граѓанка.

Приватниот сектор го сочинуваат мали трговски и угостителски дуќани. Платата што им се исплаќа на работниците е околу 6.000 денари.

„Фирмите што се отвораат не работат долго. Отвораат, па по кусо време затвораат. Нема кој да купува, од што ќе живеат?! Овде редовни приходи имаат семејствата на пензионерите и на овие кои се вработени во државната администрација. А, некогаш, Гостивар беше голем град. Но, последнава деценија третина од жителите се иселија“, ни рече друг гостиварчанец.

_dsc0183

И без да ги прашаме, луѓето ни зборуваа за потребата од политички промени во градот, во државата. Велат, „доволно беше, треба да се случат промени. Економијата треба да тргне, да се отворат нови работни места и граѓаните да се вратат од странство“.

Гласањето на парламентарните избори велат, помина главно регуларно.

„На денот на гласањето се чувствуваше една нова поинаква енергија. А, граѓаните гласаа за промени. Веруваме и дека на локалните избори, конечно ќе се смени власта и дека градот ќе започне нова страница на економски напредок и развој“, забележуваат гостиварци.

Иако во грч да се идентификуваат јавно, да говорат пред камера, тие се решителни во намерите, дека нема да дозволат и натаму да живеат во страв и под притисоци. Како граѓани на 21 век, велат, сакаат слободен живот и економска благосостојба.

Моника Талеска

Tags: Агенцијата за вработувањеГостивариселувањеневработеностсоцијална помош
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ