• Latest

Говор на омраза и смртни закани – „Треба одма да се убијат што повеќе Северџани во владата“

October 30, 2020
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Говор на омраза и смртни закани – „Треба одма да се убијат што повеќе Северџани во владата“

October 30, 2020 09:54
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Откако Марјан Забрчанец, Националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, објави на Фејсбук дека е позитивен на Ковид-19, извесен Јордан Груев со експлицитен говор на омраза кон Забрчанец на својот Твитер профил:

„Забрчанец позитивен на коронавирус. Добра вест за СДС. Уште еден Северџанец со корона. Ќе се помолиме да цркне“, стои во твитот на Јордан Груев.

Снимка од екран од Твитер профилот на Јордан Груев

Од она што може да се забележи од неговиот Твитер профил, тој живее во Мелбурн, Австралија и бил иницијатор на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во 1989 година.

Говорот на омраза е она што Јордан Груев го повторува во своите твитови. Само во последните 12 часа Груев, покрај твитот со говор на омраза кон Забрчанец, се „нафрла“ и врз пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска:

Славијанка Петровска позитивна на коронавирус, качила температура додека била на седница во Собранието Добри вести се множат за СДС. Ќе се помолиме да цркне. Северџанска стока!“, пишува Јордан Груев.

Груев со експлицитен говор на омраза не одминал да коментира и за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

„Оливер Спасовски ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС. Многу добра вест. Ќе се помолиме да цркне што поскоро. Се надеваме да има еден Северџан помалку“, пишува Груев.

Груев пласира говор на омраза и за пратеникот на СДСМ од Охрид Лазе Таневски.

Во еден твит Груев повикува на убиство:

„Намален бројот на убиства во Македонија за речиси двојно помалку. Ова вест не е добра. Треба одма да се убијат што повеќе Северџани во владата“, повикува на убиство Груев.

Ако се погледне неговиот Твитер профил се забележува дека Јордан Груев е со тешко поведение и нескриен говор на омраза и кон починати. Тој во август 2020 година по смртта на Ратка Димитрова, пратеничка од првиот состав на македонскиот Парламент, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и мајката на министерот Никола Димитров, напиша:

После реакцијата на ЦИВИЛ на таквиот говор на омраза, Јордан Груев продолжи со говор на омраза и врз активистите од Цивил:

„До Цивил: И вие од Цивил да цркнете како и сите во фамилијата на Никола Димитров. Нека повели МВР“, пишува Груев.

Груев и во друг наврат упати закани кон ЦИВИЛ како реакција на објава. Тој тогаш напиша:

„До Д.М: За да ти биде појасно кој сум и каде сум види ги сликите. Ако има некои северџански копилиња во тоа МВР со грам мозок нека повелат.“ се закани Груев.

СМРТ ЗА ЗАЕВ, стои на транспарентот што го држи Јордан Груев, а од она што може да се забележи од фотографијата, се наоѓа на собир каде што преовладуваат знамиња со „Ѕвездата од Вергина“. На твитот има 34 допаѓања и 11 споделувања.

Овој квази патриот од далечната Австралија покрај говорот на омраза и заканите кон претставниците на СДСМ, невладини организации и активисти, ја напаѓа и македонската полиција и активностите на Полицискиот синдикат:

Она што зачудува во целата оваа ситуација со извесниот Јордан Груев, е што уште го гледаме активен неговиот твитер профил, а и молкот на Обвинителството кон ваквиот говор на омраза, кој Груев го пласира на социјалната мрежа Твитер во континуитет.

Јане Ѓорѓиоски / Фронтлајн

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ