Активистите на ЦИВИЛ – Центар за слобода, денес имаа двочасовна средба со граѓанките и граѓаните на Скопје, пришто делеа информативни флаери и њузлетери во кои се објавени и основни информации за проектот Слободни медиуми за слободно општество.
Њузлетерот, меѓу другото, има цел да сподели со публика која не е редовно на интернет, медиумски содржини кои се објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Посетителите на инфо-штандот, кој беше поставен пред пролазот „Палета“, беа заинтересирани за активностите на ЦИВИЛ и се информираа како може да се вклучат.
Проектот Слободни медиуми за слободно општество го финансира Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
В.М.