• Latest

Граѓан(к)ите се минимално информирани за донесување на буџетот!

June 21, 2017

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Граѓан(к)ите се минимално информирани за донесување на буџетот!

June 21, 2017 15:53
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентарниот институт денеска одржа средба со претставници на граѓанските организации што со своите активности и поле на делување се поврзани со работата на Собранието на Македонија. Целта на средбата е да се зголеми соработката меѓу двете страни, преку зголемување на отвореноста, транспарентноста и отчетноста на Собранието.

Тркалезната маса ја отвори претседателот Талат Џафери кој потенцираше дека граѓанските организациите се вистински и неопходен партнер на Собранието.

„Отворениот ден за граѓаните нема да е единствен механизам со што ќе ја зголемиме отвореноста и транспарентноста на Собранието. Пристапот на граѓаните ќе се олесни, затоа што ние сме обврзани од нив и за нив“, истакна Џафери. Тој најави и промени на веб-страницата на Кабинетот на претседателот, за подобрување на комуникацијата – за да можат граѓан(к)ите да се вклучат во собраниските работи.

Парламентарниот институт го претстави проектот „Партнерство за отворена власт“, а се осврна и на буџетската транспарентност и отчетност и на улогата на Собранието.

Како најголеми проблеми беа посочени отсуството на задолжителна дебата за завршниот извештај на Државниот завод за ревизија, големата политизираност и непочитувањето на буџетскиот календар, нерамномерниот однос меѓу Собранието и Владата, во однос на Предлог буџетот. Посочено беше дека со тоа што Владата е ексклузивен предлагач и нејзиниот збор е последен, се нарушува концептот на „чек енд баланс“.

За недостатоците во досегашната работа на Собранието, особено во делот на донесување на буџетот, потврда е и последното меѓународното истражување за отворен буџет – OBS, кое се темели на 109 индикатори. Во делот на транспарентноста, македонското Собрание има оценка 35 од 100, што значи дека има минимална информираност на јавноста за донесувањето на буџетот. Во делот на вклученоста на јавноста во донесувањето на буџетот, податоците се уште попоразителни, односно оценката е 6 од 100! Што се однесува за степенот до кој се обезбедува надзор, Собранието има ограничен надзор, со оценка 42 од 100, а во делот на надзорот на Државниот завод за ревизија, оценката е 100 од 100.

Граѓанските организации што беа дел од тркалезната маса, меѓу кои и ЦИВИЛ-Центар за слобода, во духот на отвореноста имаа можност да ја разгледаат собраниската зграда и да се информираат за нејзината историска вредност, како и да се потсетат на почетоците на демократијата во Македонија.

Текст и фото: Марија Теговска

 

Tags: буџетвладаотвореностПарламентарен институтСобраниетранспарентност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ