ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска одржа јавна презентација на проектот „Општество без граници“ во Битола, на плоштадот „Магнолија“.
На инфо-штандот битолчанки и битолчани имаа можност да се запознаат со „Граѓанската повелба“ и во знак на поддршка, да ја потпишат изјавата со која се согласуваат со нејзната содржина.
„Граѓанската повелба“ како глобален документ, ЦИВИЛ ја преведе на македонски, албански, ромски, турски, српски и влашки јазик.
Претставниците на медиумите од овој регион, на прес-конференција, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, со детална презентација ги информираше за сите активности поврзани со „Граѓанската повелба“ на светско и на национално ниво.
Тимот на ЦИВИЛ Медиа направи анкета за социјалната правда и за еколошките проблеми со кои се соочуваат граѓанките и граѓаните од Битола.
Со претставниците на граѓанското општество од Битола, ЦИВИЛ разговараше за учеството на граѓаните од овој регион во донесување на политичките одлуки и решавање на прашањата од социјален и еколошки карактер.
ЦИВИЛ го спроведува проектот Општество без граници со поддршка на германската Фондација Хајнрих Бел.
Б. Јордановска