• Latest

Граѓански одговор на беспоштедната битка за доминација и контрола

March 6, 2018

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Граѓански одговор на беспоштедната битка за доминација и контрола

March 6, 2018 09:35
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Светот забрзано се менува. Финансиските, политичките, воените и културните центри стекнуваат и губат превласт преку ноќ, а последиците од деструктивните тенденции се катастрофални и далекусежни. Во тој свет на непрекината и беспоштедна битка за доминација и контрола, граѓанинот/граѓанката често е на последно место во „големата слика“ на оние што ги кројат глобалните, регионалните и националните политики.

Одговор на овие трендови се обидува да даде Граѓанската повелба која беше промовирана во октомври 2016 година на конференцијата Глобални перспективи. ЦИВИЛ е меѓу првите 50 организации-потписнички во светот. Од тогаш, ЦИВИЛ активно го поддржува и промовира овој глобален документ кој ги реафирмира човековите права и слободи, пред сѐ со гласните барања за учество на граѓанките и граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално, национално и глобално ниво.

„Граѓанска повелба – Што има тука за мене?“ е пилот проект преку кој ЦИВИЛ -Центар за слобода ќе продолжи да ја промовира Граѓанската повелба на еден поинаков начин. Со проектот ќе се истражат можностите за воспоставување меѓусекторска соработка и партнерства за усвојување и доследно спроведување на Граѓанската повелба.

Целта на проектот е засегнатите страни во граѓанското општество, локалната и централната власт, медиумите, бизнис заедниците и политичките партии да се запознаат со содржината на Граѓанската повелба и да дискутираат за усвојување и користење на овој документ, како и можностите за заедничка соработка и партнерство.

Во Граѓанската повелба се бара вистинско и доследно почитување на слободата на изразувањето и слободното здружување, ефективното граѓанско учество и создавањето услови за вистинско влијание врз јавните политики, правото на финансиска поддршка за граѓанските иницијативи, учеството во домашниот и меѓународниот дијалог и соработка.

Од секоја влада се бара да обезбеди услови, законски, административни и други мерки за почитување, заштита, промовирање и исполнување на човековите права и слободи, да ги истражува нападите врз поединци и организации со цел осомничените сторители да одговараат во согласност со меѓународните стандарди за правичност.  Од владата, бизнисот и граѓанското општество се бара да бидат одговорни и транспарентни пред јавноста и законите.

ЦИВИЛ ќе одржи работилници со претставници од секоја целна група во главниот град Скопје и во Куманово. На крајот од пилот проектот, ќе се одржи конференција, на која ќе бидат поканети претставници на Владата и Парламентот, медиумите, граѓанското општество, бизнис заедницата и претставници на странски организации и фондации. Конференцијата ќе биде отворена за широката јавност, а екипата на ЦИВИЛ Медиа ќе продуцира и повеќе медиумски содржини за популаризација на Граѓанската повелба.

Граѓанската повелба ќе биде промовирана и преку информативни штандови за директна комуникација со граѓанките и граѓаните и за прибирање потписи за меѓународната петиција за поддршка. ЦИВИЛ го преведе овој документ на повеќето јазици кои се говорат во Република Македонија и ги достави до сите меѓународни организации кои ја предводат оваа глобална иницијатива. Дел од овие повеќејазични материјали на ЦИВИЛ се веќе објавени на повеќе веб страници низ светот.

Проектот е поддржан од Меѓународниот центар за граѓанско општество.

Џабир Дерала

Tags: Глобални перспективиГраѓанска повелбаграѓанско учествоЦивилчовекови права
Share4TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ