Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, соопшти дека самоиницијативно ќе биде во самоизолација, поради средбата со директорката на УЈП Сања Лукаревска која е позитивна на КОВИД-19.
„Денеска го направив тестот за Ковид-19 и резултатот го очекувам во текот на утрешниот ден. Сакам да Ве известам дека во моментов немам никакви симтоми и се чуствувам добро. И посакувам на мојата пријателка Сања Лукаревска и на сите граѓани кои се позитивни на Ковид-19 и се во самоизолација брзо оздравување и добро здравје. Апелирам да не го потценувате вирусот да бидете максимално внимателни и да ги почитувате мерките за заштита“, напиша Смилевски на својот Фејсбук профил.
Директорката на УЈП Лукаревска, денеска на својот Фејсбук профил објави дека е позитивна на КОВИД-19.
„После веста која ја објави другарот Мухамед Зекири, а поради работните состаноци кои ги имавме заедно,направив тест за Ковид-19 и резултатот е позитивен. Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција. Ќе ги следам насоките на епидемилозите во целост и очекувам повеќе информации од нивна страна, согласно анкетата која треба да ми биде направена.
Посакувам брзо оздравување на Муки и семејството, на сите други заболени граѓани, како и негативни тестови на сите кои се во самоизолација“, напиша Лукаревска на ФБ.