Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, на својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на КОВИД-19.
„Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому“, напиша Шилегов.
Тој истакна дека клиничката слика е добра, со благо покаќена телесна температура и без потреба од хоспитализирање.
„Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава“, додаде Шилегов.












