• Latest

Граѓанското новинарство е моќна алатка за обелоденување на злоупотребите и изборните нерегуларности

March 4, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Граѓанското новинарство е моќна алатка за обелоденување на злоупотребите и изборните нерегуларности

March 4, 2019 17:17
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанското новинарство може да ги поттикне луѓето и, секако, да донесе повеќе демократија во медиумската сфера. Тоа овозможува да бидат слушнати повеќе гласови и во случаи како што се неочекувани несреќи, а особено кога социјалните и политичките движења ги полнат улиците поради злоупотребата на власта. Граѓанските новинарки и новинари, вооружени со камери или со мобилни телефони, можат да ѝ пренесат на глобалната публика она што се случува без посредници, од прва рака. Тоа овозможува да се слушне гласот на граѓанките и граѓаните, да се обелоденат злоупотребите и кршењето на човековите права и слободи и отвора простор за континуиран мониторинг на институциите и државата.

Во тој контекст, граѓанските новинарки и новинари се многу значаен фактор и во мониторингот на изборните процеси, особено кога станува збор за нерегуларности и кршење на правото на глас, притисоците од страна на партиските војници, поткупот и низа други незаконити и недемократски постапки во текот на изборните процеси.

Комуникациските технологии им ја зголемија моќта на граѓан(к)ите, обезбедувајќи ги со нови алатки и канали, за да го кренат својот глас и да ги споделат своите сознанија. Досега, во изминатите три години откако започна имплементацијата на проектот „Граѓански објектив“, на семинарите учествуваа речиси 1.000 учеснички и учесници, доделени се 90 награди за најдобрите прилози на граѓанските новинари, беа објавени стотици стории и видео прилози што предизвикаа промени и имаа влијание на локално и национално ниво.

ЦИВИЛ веќе подолго време се занимава со мониторинг на состојбите на човековите права и слободи. Во тие рамки, организацијата ќе даде придонес кон граѓанската едукација за гласачкото право и ќе се погрижи, преку мониторинг и медиумски активности, да го одбрани правото на граѓанките и граѓаните да гласаат слободно и соодветно на нивните убедувања на референдумот.

Учеството на граѓанските новинарки и новинари во мониторингот на човековите права и на изборните процеси, му обезбедува аргументи на ЦИВИЛ во обраќањето до институциите и структурите на моќта да работат согласно со законите и демократските стандарди и да ја напуштат практиката на злоупотреби, говор на омраза и дистрибуција на лажни вести, без оглед на тоа од која страна доаѓаат.

Затоа, ЦИВИЛ ги повикува сите граѓански новинарки и новинари да ги зголемат напорите и да помогнат во мониторингот на изборниот процес за избор на претседател на државата, со што ќе дадат придонес кон спроведување слободни, фер и демократски избори.

М. Ивановска

Share25TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ