Граничниот премин меѓу Косово и Србија во Мердаре и натаму е затворена за сообраќај, покажуваат податоците објавени од Националниот центар за гранично управување на Косово.
На српската страна на Мердаре, според косовските власти, поставени се барикади на околу два километри пред да се стигне до овој граничен премин, пренесуват косовските медиуми.
Косовската полиција соопшти дека блокирањето на Мердаре е „незаконско“ и го спречува слободното движење и промет на луѓе и стоки.
Вечерта на 27 декември, Министерството за надворешни работи и дијаспора (МПЈД) преку објава на социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека „српските криминални групи го блокираа граничниот премин Мердаре“. Се известуваат сите сонародници и граѓани кои се на пат да ги користат другите гранични точки за сообраќај до дополнително известување од институциите на Република Косово“, се наведува во соопштението.
Патот Приштина-Ниш, кој минува низ Мердаре, за сообраќај го користи косовската дијаспора, но и Србите кои живеат јужно од реката Ибар.
Поради барикадите што ги поставија локалните Срби, властите во Косово од 10 декември привремено затворија уште два гранични премини со Србија, оној во Јариње и Брњак.
Групи на локални Срби поставија барикади на патиштата кои водат кон Јариње и Брњак како знак на незадоволство од апсењето на поранешен полицаец од косовски Срби.
Дејан Пантиќ, според косовските власти, е осомничен дека го организирал нападот на 6 декември врз функционери на Централната изборна комисија на северот од Косово.
Откако беа поставени барикадите пред 19 дена, неколку инциденти со огнено оружје, рачни бомби и гранати се забележани на северот во Косово, населен со мнозинство Срби.
Цел на нападите биле припадниците на косовската полиција, мисијата на Европската унија за владеење на правото (ЕУЛЕКС), патролите на КФОР и новинари.
Н. А.