• Latest

Грковска: Апелацискиот суд можеше со повеќе детали да ја образложи одлуката за „Таргет – тврдина“

December 21, 2022

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Грковска: Апелацискиот суд можеше со повеќе детали да ја образложи одлуката за „Таргет – тврдина“

December 21, 2022 08:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите имаме обврска да бидеме транспарентни пред граѓаните за нашата работа. Транспарентност и барањето за транспарентност не може само да биде на адреса на Владата, не може да биде на адреса на пратениците, туку и на адреса на правосудството. Многу пати сум кажала во изминатите месеци, сега пак ќе повторам, не може независноста која што ја дава Уставот да се користи како параван за самоволие. Независноста која што ја дава Уставот треба да биде дополнителна обврска, дополнителен товар за уште поодговорно однесување, вели во интервјуто за МИА вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, зборувајќи за одлуката на Апелацискиот суд а случајот „Таргет – тврдина“.

Според неа, неинсистирањето на транспарентност сите овие години наназад на правосудниот систем, не доведува до тоа граѓаните да немаат доверба во правосудството заради тоа што не знаат едноставно што се случува.

– И мене ми е мило што мојата изјава која што беше во насока на тоа да ги повикам транспарентно да ги образложат пред јавноста причините за донесувањето на таквата одлука вроди со плод и Апелациониот суд издаде соопштение со објаснување за начинот на којшто ја донел таа одлука и од кои причини таквата одлука е донесена, без разлика што јас сметам дека повеќе можеше во детали, ама како и да е, беше поттик, рече Грковска.

Таа смета дека нивните активности во изминатиот период го поттикнаа и Судскиот совет да биде проактивен и конечно да почне да ја добива улогата која што би требало да ја има.

– Ова е последица на нефункционирање на институциите. Вие знаете дека Судскиот совет беше блокиран повеќе од една година, беше блокиран и изборот на новите судии, токму заради самоволие, потенцира Грковска.

Во одговорот на прашањето дали ги разгледала извештаите за трошењето на министрите во 2021 година, вицепремиерката не дава директен одговор, но потенцира дека ќе инсистира во наредниот период да не се случи повторно голема пауза и податоците навреме да се внесуваат во системот, така што преку алатката за транспарентност да бидат достапни за јавноста.

– И за тоа ќе инсистирам и во наредниот период, да не се случи повторно ваква голема пауза. Веќе ги преземавме сите активности и се преземаат податоците за наредниот период за да се објават навреме. Прашање е на сплет на околности и некои технички проблеми, но како и да е, тие се веќе надминати и се надевам дека во иднина тоа нема да се повтори, вели Грковска.

За нас, додава таа, е важно транспарентноста да стане, не како нешто што некој од надвор го бара, туку како вообичаен начин за функционирање на институциите.

– Кога забележавме дека алатката не функционира ние прво што почнавме е да притискаме колку што е можно побрзо тоа да се случи, заради тоа што транспарентноста е најдобриот начин за намалување на можноста за корупција и за зголемување на одговорноста. Ниту еден функционер не е комотен кога знае дека транспарентноста е на високо ниво и кога е во фокус на јавноста, рече Грковска во интервју за МИА.

Фото: миа.мк

Tags: Апелационен судСлавица Грковскатаргет-тврдина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ