• Latest

Грковска: Правосудниот систем е најслаба карика во борбата против корупцијата

February 2, 2023

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Грковска: Правосудниот систем е најслаба карика во борбата против корупцијата

February 2, 2023 11:06
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, која се наоѓа на Молитвениот појадок во Вашингтон, вели дека уште многу треба да се направи за борбата против корупцијата, граѓаните треба да видат видливи резултати и краен резултат од борбата против корупцијата.

-Уште повеќе треба да се направи од она што е направено и граѓаните сакаат да видат видливи резултати, да има ефект и краен резултат од борбата против корупцијата и организираниот криминал. Најголемата слабост е во правосудниот систем. Ако нема завршница во еден случај, пораката, која се праќа во општеството е погрешна. Судиите и обвинителите исто така треба да одговараат за злоупотреба на службена должност, исто како и останатите функционери кои подлежат на истите закони, вели Грковска во интервју за „Гласот на Америка“ на македонски јазик.

Во врска со нејзината изјава дека не ја иззема Владата од одговорност, ниту институциите, вели дека најслаба карика е правосудниот систем.

-Правосудниот систем е најслаба карика. Независноста на институциите треба да биде дополнителна обврска за одговорност и транспарентност пред граѓаните, за одлуките кои што се носат од правосудниот систем. Актуелните примери што ги видовме, се лош пример како треба да изгледа или да се однесува законот подеднакво за сите, вели Грковска.

Во однос на тоа дали има информации кој е на црната листа санкции на САД за корумпирани чинители во политиката, вели дека санкциите не се секогаш само за политичари, туку генерално за сите кои заслужуваат според критериумите да се најдат на таа листа.

-Тоа е од голема помош за државите во светот, затоа што тоа се санкции што САД ги користат како инструмент којшто придонесува во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Санкциите не се секогаш само за политичари, туку генерално за сите кои заслужуваат според критериумите да се најдат на таа листа. Ние треба да бидеме фокусирани на нашата домашна обврска. Одлуките коишто се носат, функционирањето на институциите, ефикасноста и транспарентноста, е наша домашна обврска.

Во однос на индексот за перцепција на корупцијата во јавниот сектор на „Транспаренси интернешенел“, според кој државава има 40 индексни поени, што е само еден повеќе од лани, вели дека добро е што има напредок, макар, како што вели минимален.

-Добро е што има прогрес, макар и минимален, тоа значи дека треба да ги засилиме нашите напори и да ја смениме перцепцијата кај граѓаните и да биде видливо дека сите напорите што ги правиме имаат ефект. Кога ќе обезбедиме дека граѓаните имаат доверба во институциите, дека законот важи подеднакво за сите, тогаш сум уверена дека ќе ја имаме големата поддршка од граѓаните и ќе се осмелуваат повеќе да пријавуваат корупција, вели Грковска.

Tags: правосудствоСлавица ГрковскаТранспаренси интернешенел
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ