• Latest

Грковска за Анѓушев на „црната листа“ на САД: Очекувам домашните и меѓународните институции да ги преземат неопходните мерки согласно укажувањата

December 6, 2023

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Грковска за Анѓушев на „црната листа“ на САД: Очекувам домашните и меѓународните институции да ги преземат неопходните мерки согласно укажувањата

December 6, 2023 13:23
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерката задолжена за добри политики на владеење Славица Грковска денеска во врска со ставањето на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на „црната листа“ на САД изјави дека главната обврска е секогаш на домашните институции, но оти секоја меѓународна помош е добредојдена. Таа напомена дека веќе се предложени измени во Законот за рестриктивни мерки, кои поминале на Влада, освен санкциите од ЕУ и ОН, да бидат додадени и санкциите на САД.

-И претходно сум изјавила дека главната обврска е на домашните институции, но секоја помош од меѓународните институции, од нашите пријателски држави, особено САД, кои се стратешки партнер е добредојдена и очекувам меѓународните и домашните институции понатаму да ги преземат сите неопходни мерки согласно укажувањата. Веќе предложивме и тоа помина на Влада да се направат измени во Законот за рестриктивни мерки, при што покрај санкциите од ЕУ и ОН, ќе бидат додадени и санкциите од САД и тоа ќе биде дополнителна вредност во борбата против корупцијата и организираниот криминал, изјави Грковска на новинарско прашање во врска со ставањето на Анѓушев на црната листа на САД, денеска на маргините на Отворен форум за антикорупција.

Стејт департментот го стави Анѓушев на „црна листа“ поради неговата вмешаност во значителна корупција и го означи како генерално неподобен за влез во САД.

– Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции и јавни процеси, се наведува во соопштението објавено од Стејт департментот.

Инаку,  Анѓушев во соопштение до медиумите ги негираше сите сомневања изразени од Стејт департментот и најави дека ќе ја обжали одлуката, а американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер порача дека ќе следуваат повеќе назначувања, но дека останува на функционерите и граѓаните да побараат одговорност.

Грковска денеска на маргините на панелот „Како да се постигне подобра соработка во борбата против корупцијата меѓу јавниот, граѓанскиот и бизнис секторот“ во организација на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата одговори колку резвироски извештаи прочитала, кој е последниот и која е најтешката казна која е изречена на државен службеник, поврзана со корупција или прекрчување на правилата на Кодекост, додека таа е на оваа позиција.

Грковска истакна дека ги читаат сите ревизорски извештаи, а ги издвои тој за Онкологија и за Агенцијата за филм.

-Последните два кои траат во континуитет, кои ги следиме со акциски планови е тој за Онкологија, уште во јули ги задолживме со активности, го доставија документот, имаме предолжени заклучоци на Влада денеска би требало да ги разгледаме и го отворивме прашањето уште пред да излезе во јавност за Агенцијата за филм, при што има заклучок дека итно Генералниот секретаријат треба да распише оглас за избор на директор. Во меѓувреме поради наодите на ДЗР кога требаше да биде избран директор бев против, меѓутоа за жал беше ставен в.д. директор. Ги следиме сите извештаи во смисол дека по доставениот извештај институциите имаат рок од 30 дена да предложат акциски планови, кои потоа ДЗР во соработка со институциите ги следи, ги предупредуваме институциите да не задоцнат и да бидат исполнителни, рече Грковска.

Како една од добрите практики, во соработка со ДЗР, ја посочии нформацијата врз основа на ревизорските извештаи за јавен долг, која поминала на Влада, при што имало заклучоци за тоа кои конкретни министерства и институции како треба да постапат во одредени рокови, за да се надминат проблемите кои се детектирани кај нив.

Во однос на пријавите за прекршување на Етичкиот кодекс не можеше да се сети на точна бројка, но одговори дека постапиле секогаш кога имало укажувања од медуми, граѓани, ДКСК. Во однос на тие што го повториле делото, посочи еден случај, со вицепремиерот Артан Груби, но додаде дека тие како кабинет имаат обврска да го информираат премиерот и оти тоа го направиле. Кодексот, вели Грковска не е закон и тој е недоволен и затоа изготвиле нацрт-законски решение,  кое ќе го врзат со оние лица кои не постапуваат согласно Кодексот и кои се на листите на санкции.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ