• Latest

Грковска: Заедно со надлежните институции и со граѓанскиот сектор градиме системски пристап во креирањето и имплементирањето на антикорупциските политики  

April 5, 2022

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Грковска: Заедно со надлежните институции и со граѓанскиот сектор градиме системски пристап во креирањето и имплементирањето на антикорупциските политики  

April 5, 2022 13:16
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
„Основата на стабилно општество е општество кое функционира транспарентно, одговорно и ефикасно, врз основа на законските и системските правила, независно од тоа која политичка гарнитура е на власт. Корупцијата е проблем кој нѐ загрижува сите и затоа треба сите заедно, Владата, надлежните институции, невладиниот сектор да работиме на креирање на антикорупциски политики и на нивно доследно имплементирање“, нагласи заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, на денешната работилница за јакнење на капацитетите и имплементацијата на Конвенцијата на Обединетите Нации против корупцијата (УНКАК), соопштуваат од прес службата на Владата.

Во своето обраќање вицепремиерката Грковска потенцираше дека нашата држава во борбата против корупцијата, на листата на Транспаренси Интернешнл постигна скок од 24 места, што е за поздравување, но и обврска да се работи уште повеќе за да се постигнат подобри резултати.
„Спречувањето на корупцијата е процес во кој треба активно да бидат вклучени сите институции, Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција, Обвинителството, ДКСК, ДЗР и сите останати институции. Бидејќи ако една од нив затаи, овој ланец не може да функционира соодветно, а процесот нема да биде ефикасен“, оцени вицепремиерката Грковска.
Таа додаде дека последните истражувања покажуваат дека сензибилитетот кај граѓаните против корупцијата е зголемен, а толеранцијата кај граѓаните за овој проблем е намален, што за Владата дава поголема одговорност, но и поттик да работи поефикасно и потемелно во сузбивање на корупцијата.
Вицепремиерката Грковска потенцираше дека фокусот на нејзината работа се дигиталната трансформација на општеството, транспарентност и ефикасност на институциите, како и антикорупциски политики и системски решенија.
„Ова се три области, кои навидум изгледаат различни. Но, во суштина, трите области се меѓусебно поврзани, а нивната паралелна имплементација значи обезбедување транспарентно, ефикасно и одговорно функционирање на системот“, рече вицепремиерката Грковска и додаде дека посебен таргет во нејзината работа е унапредување на системот на јавни набавки каде се детектирани слабости кои мора да се надминат.
На состанокот, кој го организираше МЦМС во соработка со УНОДЦ и коалицијата УНКАК, покрај претставниците на овие две меѓународни организации, Бил Вуд и Матијас Хантерс, се обратија и министерот за правда Никола Тупанчески, како и претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ