• Latest

Грчката црква ќе учествува на протестот во Атина

January 31, 2018
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грчката црква ќе учествува на протестот во Атина

January 31, 2018 11:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со официјални претставници, тројца митрополити од Светиот синод, Грчката православна црква ќе учествува на протестот во недела во Атина, за името на Македонија.

За ставот на црквата против употребата на терминот Македонија и за учеството на ГПЦ во протестот на 4 февруари во Атина, архиепископот Јеронимос ги известил организаторите на собирот на нивната средба во атинската архиепископија. Тројцата претставници на организаторите, Нина Гаѕули, координаторка на грчките македонски организации, Панајотис Балтаѕис, генерален секретар на грчко-американскиот национален совет и Михалис Пацикас, член на координативната комисија на протестот на грчките македонски организации, според официјалното соопштение од ГПЦ,  го посетиле архиепископот Јеронимос и побарале благослов од него, јавува дописникот на МИА од Атина.

Поглаварот на ГПЦ, им ја повторил позицијата на црквата за неприфаќање на терминот Македонија или изведени зборови во името и им направил анализа на црковниот аспект во целото прашање и ги потсетил на последното соопштение на Синодот, дека црквата на Грција, смета дека „секаков израз за одбрана на правата на нашата Македонија е за пофалба, само доколку е автентичен, несебичен и спонтан и секогаш во духот на легалното и демократско изразување“.

„Архиепископот истакна дека согласно со горенаведените услови, што ќе обезбедат мирен протест во Атина, без да има политички и партиски обоен карактер, Црквата на Грција ќе учествува преку потпретседателот на Светиот синод, митрополитот од Сирос, господинот Доротеос, кој ќе о прочита соопштението на Светиот синод, придружуван од митрополитот од Драма господинот Павлос и од Хиос, господинот Маркос“, соопштуваат од ГПЦ за средбата на Јеронимос со организаторите на протестот.

И покрај официјалната линија на ГПЦ, која пред протестот во Солун беше различна од сегашната и против собирите, митрополитот од Месинија, Хризостом, од грчкиот полуостров Пелопонез, преку допис вели дека не се согласува со учеството на црквата во демонстрациите. Митрополитот Хризостом смета дека црквата не треба да им биде „слуга“ на секуларни групи со непозната идеологија и цел.


Извор: META

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Tags: АтинаГрчка цркваподдршкаПротест
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ