• Latest
ГРУБИ Се откри дека за Мицкоски не е важно внесувањето на Бугарите во Уставот, туку тргнувањето на Албанците од власта

Груби: Измените во КЗ се хармонизација со европското право

September 6, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груби: Измените во КЗ се хармонизација со европското право

September 6, 2023 18:59
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
ГРУБИ Се откри дека за Мицкоски не е важно внесувањето на Бугарите во Уставот, туку тргнувањето на Албанците од власта

ГРУБИ Се откри дека за Мицкоски не е важно внесувањето на Бугарите во Уставот, туку тргнувањето на Албанците од власта

Share on FacebookShare on Twitter

Измените во Кривичниот законик освен што се хармонизација со европското право се и ексклузивно барање на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Ова го изјави вицепремиерот Артан Груби одговарајќи на новинарско прашање денеска при при увидот во градежните активности на автопатската делница Скопје – Тетово.

– Македонската и албанската опозиција да си ги усогласат ставовите, затоа што македонската опозиција вчера на пленарната седница не гласаше „против“ измените во КЗ, коишто се хармонизација со европското право, туку остана на седницата, правеше кворум и го усвои дневниот ред. Истото се случува и денеска на Комисијата за европски прашања, рече вицепремиерот Груби, одговарајќи на прашањето дали овие измени се политичко пазарење со ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од албанската опозиција, вели тој, излезе да го каже тоа што не можат да го кажат од ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека со измените во Кривичниот законик се враќа експремиерот Никола Груевски.

– Апсолутна лага и апсолутно е невозможно под кои било услови со овие измени во КЗ да се врати г. Груевски. Овие измени коишто се во КЗ освен што се хармонизација со европското право се и ексклузивно барање и на г. Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ  на сите лидерски средби, и на билатерални средби по однос на измените во КЗ и еве имаат шанса тоа да си го направат во Собранието. Впрочем, тоа веќе и го направија вчера со нивното учество вчера во Собранието, вели Груби.

Tags: Грубиевропско правоизмениК3хармонизација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ