• Latest

Груби: Ниту Св. Мицко може да го запре овој проект, дојде крајот на заложништвото и блокадите

May 12, 2023

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груби: Ниту Св. Мицко може да го запре овој проект, дојде крајот на заложништвото и блокадите

Подгответе се и качете се сите на овој воз што вози кон Брисел кој нема никој да го сопре, апелира Груби.

May 12, 2023 13:09
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот Артан Груби денеска, од обраќањето во Прилеп по повод поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д, порача дека е дојден крајот на заложништвото на иднината на граѓаните и на блокадата на европското интегрирање на државата.

Подгответе се и качете се сите на овој воз што вози кон Брисел кој нема никој да го сопре, апелира Груби.

-Фактот дека сите министри и апсолутното мнозинство на пратениците стојат зад овој проект, е најголема гаранција за сите граѓани дека ниту Мицкоски, ниту Свети Мицко ќе може да го запре овој прект. Овој проект продолжува и сите влади, а следната ќе биде истата како денес, ќе го заврши овој проект и ќе ги пресече лентите. Тоа што го гледате денес во Собранието и тоа што пред една недела го направи Владата на седница, е порака дека е дојден крајот на заложништвото на Собранието, на проектите и на иднината на граѓаните и на Северна Македонија. Оваа владина коалиција и ова парламентарно мнозинство, од минатиот петок демонстрира што значи да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај, потенцира Груби.

Тој упати порака и во однос на македонскиот евроинтеграцискиот процес.

-Така како што демонстриравме дека е дојден крај на заложнштвото и блокадата, така од денес, при изградбата на вакви инфраструктурни проекти, упатувам порака дека е дојдено време да ставиме крај на блокадата на нашето европско интегрирање. Тој проект е почнат со партнерите од коалицијата и никој нема да му застане на патот, рече вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ