• Latest

Груби сака поблага мерка – да не оди во притвор, на четворица осомничени за „Лотарија“ одземени се пасошите

December 17, 2024
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груби сака поблага мерка – да не оди во притвор, на четворица осомничени за „Лотарија“ одземени се пасошите

December 17, 2024 12:20
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На четворица од осомничените во случајот „Државна лотарија“ им се одземени пасошите, а додека во текот на денот ќе се одлучи и дали за останатите осомничени кои не се во државата, поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Лотарија, Бајрами, ќе биде одреден притвор, објави Фронтлајн.

– Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост против четири лица кои се опфатени со истрагата поврзана со „Државна лотарија на РСМ“, за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 од КЗ, а кои во текот на ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на сите 4 лица им определи мерки согласно чл. 146 ст.1 т. 2 и т.3 односно Одземање на патна исправа и Обврска за повремено јавување на службено лице во судот, информираат од Кривичниот суд.

Од таму додаваат дека во текот на денот ќе се одлучи и по барањето на Обвинителството да им се одреди мерка притвор на првите двајца осомничени, односно на Груби и Бајрами.

-Воедно, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага, која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот јавноста ќе биде дополнително известена. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, велат од судот.

Од друга страна како што пренесе Фактор од свои извори во истрагата, Артан Груби веќе ангажирал адвокат. Тоа е Владимир Доневски, поранешниот адвокат на Драги Рашковски, кој вчера бил во Кривичниот суд да се произнесе за барањето од обвинителството за одредување на мерка притвор.

Му предложил на судијата на претходна постапка дека неговиот клиент Артан Груби е спремен веднаш да се врати во земјата доколку мерката притвор биде заменета со поблага мерка на обезбедување, како одземање на патна исправа. Судијата се уште не се произнел за барањето притвор, одлуката се очекува во текот на денот.

Амбасадорката на САД Анџела Агелер, не е изненадена од името на Груби на црната листа.

„Тоа не е одлука, туку процес. Така што, за нас тоа никогаш не е политичко прашање. Не ни е намерата да се вклучиме во политиката. Значи, ако во неговиот случај, случајот беше завршен додека тој сè уште беше на функција, тогаш апсолутно ќе го пуштивме во тоа време, вака амбасадорката Агелер ги коментира последните номинации на црната листа на САД во интервју за Слободен печат. Вели, не бев изненадена од името на Артан груби на црната листа“.

Обвинителството отвори истрага против поранешниот вицепремиер Артан Груби и против поранешниот директор на Државната лотарија Перпарим Бајрами за проневери во службата. Биле извршени претреси во нивните домови. Истрага е отворена против уште четири лица, кои биле претседател и членови на комисија за два одделни јавни повици.

Полициски екипи извршиле претреси на девет локации во скопско и во кумановско поради сомнеж за сторен криминал во Државната лотарија. При извршените претреси се пронајдена околу 40 илјади евра. Кривичните пријави биле поднесени од Финансиската полиција и од МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција соопшти дека поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата околу аферата со криминалот во Државна лотарија.

– Поднесена е пријава против осум физички лица, од кои едниот е поранешен премиер, еден поранешен вицепремиер, еден поранешен директор на правно лцие и еден поранешен генерален секретар. Две од лицата не се достапни на органите на прогонот, изјави Тошковски.

Обвинителството со објаснување зошто истрага е отворена против 6 луѓе, иако кривични биле поднесени против 8 лица.

„По сите преземени дејствија од сите надлежни институции во конкретниот случај до овој момент се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека наведените шест лица презеле дејствија со кои исполнуваат обележја на кривичните дела“, соопшти Обвинителството.

Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција.

Груби, кон Косово патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Република Македонија. Папранику е сопственик на Нептун а инвестираше и во изградбата на Ист Гејт Мол.

Додека, поранешниот директор на државната лотарија занејќи или незнаеќи дека за него се води истрага одамана ја напуштил земјата.

Бајрами се сомничи за набавката на апаратите за коцкање во вредност од скоро 12 милиони евра. Финансиската полиција соопшти дека биле порачани 825 апарати од кои инсталирани биле околу 300, а останатите се чувале во магацин.

– Од прибраните докази произлегува основано сомнение дека двајцата соизвршители, како одговорни лица во АД Друштво за приредување игри на среќа „Државна лотарија“ на РСМ, во текот на 2023 година, преку вршење на своите посебни овластувања и должности, заедно учествувале во дејствија на извршување на штета на акционерското друштво со намера да прибават противправна имотна корист за друг која се проценува на значителен износ од 501.319.119 денари од буџетот на акционерското друштво, соопшти Обвинителството.

Се истражува и изнајмувањето на објектот во Визбегово. Државната лотарија 13 месеци плаќаше закуп на поранешен ресторан за свадби за што потроши 300 илјади евра. Вредноста на договорот помеѓу Лотарија и фирмата „Хеј Дооел“ беше во висина од 2,6 милиони евра за 10 години. Сопственик на фирмата и на објектот е Асмир Јахоски, син на пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски.

Минатиот недела, Груби беше „закачан“ на црната листа на САД. Според Стејт департментот, тој и Апелациониот судија Енвер Беџети биле вмешани во корупција за да го спасат поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков од затвор.

Дестан Јонузи / Извор: Фронтлајн.мк

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ