• Latest

Груевски доставил оставка со нотарски акт

June 7, 2019
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груевски доставил оставка со нотарски акт

June 7, 2019 13:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најавената oставка на пратеничката функција, поранешниот премиер Никола Груевски, кој по судските процеси избега и доби политички азил во Унгарија, е доставена во Собранието на Република Северна Македонија во средата на 5-ти јуни.

Се очекува во понеделник на координација претседателот на Собранието заедно со координаторите на пратеничките групи да ја разгледаат оставката на Груевски и да одлучат дали ќе биде ставена на дневен ред на првата наредната седница закажана за вторник, имајќи предвид дека веќе се води постапка за одземање на неговиот мандат, точка на дневен ред ставена на истата седница.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за МИА вели дека оставката е пристигната со нотарски акт и со соодветни печати со кои се потврдува дека станува збор за лична изјава на Груевски.

„Примена е на 5-ти јуни. Испратена е на превод од унгарски јазик и кога ќе биде преведена ќе биде доставена на пратениците“, рече Џафери.

Оставката, како што најавува, ќе биде разгледана во понеделник на координација и притоа ќе бидат земени во предвид одредбите од Деловникот и од Уставот кои се однесуваат на оставка на пратеник, но и фактот дека во Собранието веќе има соодветна постапка за одземање на неговиот мандат.

Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања со пет гласа „за“ и ниту едне глас против и без воздржани на 29 мај донесе одлука со која му предлага на Собранието одземање на мандатот на Груевски поради шестмесечно отсуство од ноември до мај оваа година. Одлуката на Комисијата е на дневен ред на седницата закажана во вторник на 11 јуни. За да му се одземе мандатот на Груевски со гласање во Собранието потребно е двотретинско мнозинство што не се знае дали може да се постигне имајќи ја предвид постапката на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ односно неизјаснувањето на седницата на Комисијата.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, матичната партија на Груевски, пред оваа седница на Комисијата донесе одлука да се гласа „за“ одземање на мандатот на Груевски, но пратениците на опозициската партија воопшто не се изјаснија за одлуката.

Доколку Џафери и координаторите на пратеничките групи во понеделник одлучат да ја прифатат оставката на Груевски доставена преку нотарски акт како лична изјава, таа ќе се најде на дневен ред на 102. седница на Собранието закажана во вторник на 11 јуни.

Џафери вели дека мора да се направи консултација и со опозицијата и со владејачкото мнозинство како да се постапи поради тоа што ова е специфичен случај за што нема посебни ставки и одредби во нашата легислатива.

Во текот на следните денови се очекува Владата до Собранието да достави предлог за разрешување и избор на нови министри. Џафери вели дека не може да предвиди кога би се случило тоа, но потенцира дека седницата би можело да се закаже во пократок рок од десет дена. Исто така посочува дека кога ќе биде закажана седницата и колку таа ќе трае зависи од тоа дали ќе биде предложен избор на цела Влада или ќе биде предложена само реконструкција или промена на еден дел од министрите.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ