Лидерот на ВМРО–ДПМНЕ Никола Груевски, во период кога имаме нефункционална влада, се однесува како и понатаму да е премиер, па најавува вработувања, отвара фабрики… Вчера изврши увид во градежните активности на новоизградената спортска сала „Мајка Тереза“ во Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје, која наскоро и официјално ќе почне со работа.
Груевски не ја пропушти можноста да се фотографира со дечињата, покажувајќи им на медиумите колку се грижи за нив.
„Оваа сала не беше планирана во 35-те сали кои ги изгради Агенцијата за млади и спорт, но подоцна, увидовме дека е добро да се направи за децата од Домот, но и за овој дел од градот, кој е многу густо населен и има многу малку спортски сали“, изјави Груевски по увидот.
Пред извесен период, Груевски беше исвиркан од група млади додека со семејството шеташе низ Градскиот парк во Скопје. На социјалните мрежи тогаш се разви дебата дали било добро тоа што бил исвиркаан пред неговите деца. Смее ли Груевски во пропагандни цели да ги злоупотребува децата без родители, за да добие политички поени?
Д. Муратов