• Latest

Груевски го призна поразот, но не ги признава изборите!

October 30, 2017
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски го призна поразот, но не ги признава изборите!

October 30, 2017 12:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие избори и никогаш нема да ги смета за фер и демократски. Покрај тоа што не ги признаваме, бараме итно враќање на демократијата во земјата, организирање на предвремени парламентарни избори согласно Пржинскиот модел, организирани од техничка влада“, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по завршување на вториот круг на локалните избори. Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде што го држеше својот долг, трогателен говор, присуствуваа претежно млади лица, кои најверојатно, не успеале да се соберат во поголем број за да ги „збијат редовите“!

Груевски истакна дека локалните избори не ги признаваат, бидејќи минале со бројни нерегуларности, со обиди за правење „бугарски воз“, со притисоци врз земјоделците и врз администрацијата.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, побара смена на директорот на ААВМУ, оставка на претседателот на ДИК, истрага и вештачење на уредите за преслушување на УБК, завршување на судењето за случајот за „Поткуп“, формирање на специјално јавно обвинителство кое ќе спроведе истрага на изборните нерегуларности од изборите од 2016 и 2017 година, како и ослободување на сите лица кои се товарат за случувањата од 27 април кога упаднаа во Собранието.

Груевски рече дека целата изборна кампања била во знакот на организирање криминални избори, односно, дека СДСМ уште пред изборите им вршел притисок на потенцијалните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ,  особено со поднесување кривични пријави против актуелните градоначалници кои се борат за уште еден мандат.

„Имаше огромен молк од полицијата, која е активен соучесник во кршењето на изборниот процес. Рано утринава, изборниот процес почна со кршењето на изборниот молк, со фрлање летоци во општина Кисела Вода и Гази Баба. Полицијата е верен чувар на активистите кои ги делат летоците“, изјави Груевски, додавајќи дека Зоре Темелковски, татко на кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, отворено се заканувал дека сега биле на власт и дека можеле да избркаат од работа стотина лица, особено во Драчево.

Д. Муратов

Tags: ВМРО-ДПМНЕлокални изборине прифаќа поразНикола Груевски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ