• Latest

Груевски изврши увид во новата патарина пред Куманово

September 8, 2017

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски изврши увид во новата патарина пред Куманово

September 8, 2017 15:05
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Никола Груевски, поранешен премиер, лидер на ВМРО-ДПМНЕ чија позиција е сериозно разнишана, осомничен за криминал, корупција, насилство и изборни кражби, чија пасош е одземен како мерка за претпазливост која ја изрече судот, продолжува со своојот „увид во проектите“. Во еден период, тие прошетки на Груевски престанаа, веројатно, поради презафатеност со настаните околу парламентот и со сослушувањата во СЈО, но пред неколку дена се интензивираа.

Неговиот најнов „увид“ се однесува на патарината пред Куманово. Патот Скопје – Куманово е во очајна состојба, но патарините, важно, се поставени. По посетата на нефункционалните патарини на очајниот автопат, Груевски, телохранителите и другите придружници, се упатиле во Куманово на „прошетка низ чаршијата“.

Еве го текстот на партиската веб-страница за оваа најнова „политичка победа“ на Груевски:

„На влезот на Куманово се наоѓа првата од предвидените 7 модерни електронски патарини кои ќе се градат во земјава. Граѓаните ќе можат да изберат дали ќе платат со пари, со картичка или со специјални тагови кои ќе бидат залепени на предните ветробрански стакла на автомобилите. Првата модерна патарина се очекува да биде пуштена во употреба до крајот на годината.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски изврши увид во првата електронска патарина во земјава. Првиот човек на партијата се надева дека новата Влада нема да го стопира овој проект кој значително ќе ја намали гужвата на кумановските патарини.

Претседателот на партијата прошета низ кумановската чаршија каде оствари средба со граѓаните од Куманово кои посочија на големиот проблем што го имаат со урбаната мафија, која како што велат, со години владеела со градот.

Кумановските пензионери побараа од Груевски да не дозволи да се укинат придобивките за пензионерите, а помладите, да се вложува повеќе во развојот на градот со отворање нови бизниси и нови работни места  пред се, за младите. Се пожалија на урбаниот и сообраќаен хаос, и редици други проблеми од реалниот живот. ‘Ние ќе понудиме решенија на следните локални избори кои ќе значат решавање на проблемите на кумановчани, затоа што заслужуваат подобро’, додаде Груевски“.

Tags: ВМРО-ДПМНЕГруевскиКумановопатаринаСЈОувид
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ