• Latest

Хаџи – Јанев: Мирот е скапа работа, ако не бевме членка на НАТО ќе требаше да издвоиме повеќекратна сума

April 6, 2023

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Хаџи – Јанев: Мирот е скапа работа, ако не бевме членка на НАТО ќе требаше да издвоиме повеќекратна сума

April 6, 2023 12:53
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија предвидува дека до 2032 година ќе потроши најмалку 900 милиони евра за модернизација на Армијата. Предвидено е да го замениме старото оружје од советско и југословенско производство со ново и софистицирано западно оружје. Сумата не е фиксна, но е проценка на трошоците во наредните години, рече неодамна министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Третина од буџетот за одбрана на Северна Македонија, кој годинава изнесува рекордни 275 милиони евра, сега е наменет за модернизација. Но, значителен дел од големите набавки нема да се реализираат со буџетски пари, туку со помош на НАТО сојузниците, при што САД се најголем финансиер со над 135 милиони долари веќе одобрени за земјава во текот на претходната година.

За тоа дали се потребни толку високи финансиски средства за вложување во Армијата, универзитетскиот професор и доктор по науки од областа на безбедноста, Методи Хаџи-Јанев во разговор за „Локално“ дека тоа воопшто не е многу, потенцирајќи дека мирот е скапа работа.

За да нештата станат појасни, вели тој, ако не сме членка на НАТО, цената која ќе мораме да ја издвоиме за да ги подигнеме одбранбените капацитети ќе бидат неколкукратно поголеми.

-НАТО оттука е генерално добро кое можеше да ни се случи во овие околности. Е сега доаѓаме до причините заради кои се вложува во одбраната, а тие се дел наша вина, но дел се резултат на геополитичките земјотреси кои се случуваат на светската сцена. Наша вина е што 30 години речиси ги преспавме и не вложувавме ништо во одбраната. Само колку за илустрација речиси во сите тие 30 години најголемиот дел од средствата одеа за плати на вработените. Не сакајќи станавме отпад за донации (дел беа солидни дел беа така-така, а дел речиси и да не знаевме зошто ги прифаќавме или беа таква „утка“, што после моравме да ги уништуваме, па се сеќавате имаше и судски процеси за тоа). Тоа само по себе ви говори дека сите 30 години сме останале без стратешки курс, особено околу тоа што сакаме со одбраната, каде сакаме да се движиме и како тоа треба да го сториме. Само како за илустрација, во сите тие години од незнаење или од некој други причини, ја загубивме сржта заради која се користи армијата, па наместо уставната обврска, одбрана на државата, армијата стана институција за решавање на кризи. Земете го дури и последниот стратешки одбранбен преглед (иако тој за разлика од сите документи пред него е поостар во речникот), во него заради политичка коректност или не знам од кои причини, како да се срамиме да кажеме дека армијата треба да води бој и да изведува борбени операции, како примарна цел. Тоа е мошне битно, бидејќи едно е да зборувате за криза друго е да зборувате за одбрана и водење на воени операции, посочува Хаџи-Јанев.

На прашањето дали со одлуките за испраќање воена помош на Украина, се нарушува борбената готовност на Армијата, Хаџи-Јанев нагласува дека без да им даваме политички контекст за внатрешни поткусурувања, донацијата е паметен потег.

-Ресурсот за кој зборувате станува логистички кошмар за одржување, и за ова говорев неколку пати на оваа тема. Како поткрепа на мојата теза земете го потегот кој го прават сите НАТО членки кои имаат ваков арсенал, ќе видите дека не штрчиме тука. Е сега, прашање е како ќе го надополните овој капацитет. Бидејќи едно е да го имате и тој да е скап за одржување, друго е воопшто да го немате-ако тоа се аргументите за борбената готовност. Оттука, прашањето кое можеби треба да се постави е како се планира овој капацитет да биде заменет. Од МО соопштија дека имаат решение за тоа и дека е планирано да се надополни тој капацитет, што е добро и вистински потег. Анализите треба да се фокусираат на тоа. Суштината на анализата според мене е квалитетот на тоа што треба да се набави, неговата оперативна вредност која е збир од повеќе параметри. Цената е еден од тие секако, ама многу битни параметри на пример се, и начинот на одржување и одржливоста на тој концепт-значи дали и кој ќе го прави тоа и колку тоа ќе ве чини; Понатаму, дали тој ресурс доктринарно ви се вклопува со останатите ресурси кои ги имате-значи според концептот за кој сте ја замислиле целата одбрана на државата: Како и колку можете да ги надградите тие платформи и дали можете да ги поврзете со останатите системи, па од тоа да креирате систем од системи, со кои ќе постигнете мултиплицирање на капацитетот-значи за парите кои сте ги платиле да добиете повеќе, вели Хаџи-Јанев.

Професорот додава дека еден пример е повеќенаменска употреба на тие средства – дали истите ќе се синхронизираат на пример со останатите сегменти од одбраната (тука не е само армијата, овде се МВР, ЦУК, ДЗС и сл.).

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Армијазаподно оружјеМетоди Хаџи ЈаневмодернизацијаНАТО
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ