Хамас ги објави имињата на тројцата израелски заложници кои треба да бидат ослободени денеска, се вели во изјавата на портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Обаида, пренесе ЦивилМедиа.
Во одвоено соопштение, Хамас соопшти дека им ги предал имињата на трите израелски заложнички кои треба да бидат ослободени во недела.
Израелската влада потврди дека ги добила имињата.
Израелската војска претходно соопшти дека планираниот прекин на огнот нема да стапи на сила додека Хамас не ги соопшти имињата на заложниците што ќе ги ослободи во недела. Сега е отстранета и последната пречка за почеток на прекинот на огнот во Газа.
Претходна вест: