Македонија е земја во која сите стратегиски документи, Уставот, сите закони, треба да ги базира на оваа мултиетничка, мултикултурна и мултирелигиска реалност, бидејќи тие се сегментите кои обезбедуваат добросостојба, социјален и политички мир, вели Лулзим Хазири од АДИ видео порака за Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“, објавена на 04 август 2021.
„Македонија во последните две децении се помири со констатацијата дека без почитување на различностите, нема добросостојба. Пред се, општеството треба повеќе да се концентрира на меѓусебното познавање, со цел овие различности да ни бидат темел во градењето на едно поинклузивно општество, кое ќе дава и зема меѓусебно. Постои една голема европска и светска дилема, дали и колку се успешни мултиетничките општества, општествата со многу различности, и можеби некаде имаат решение, но ние немаме. Реалноста во нашата земја е реалноста на различностите, и тие треба да ги употребиме, како добрите страни во нашите животи“, порачува Хазири.
Дијана Тахири
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски