• Latest
Фото герила- младите во Северна Македонија
Извор: ХЕРА

ХЕРА: Младите не се хаштаг, туку приоритет – Време е за одговорност!

August 12, 2025

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ХЕРА: Младите не се хаштаг, туку приоритет – Време е за одговорност!

Од ХЕРА укажуваат на високо ниво на невработеност и низа недостатоци во образованието, здравствените услуги и институционалната поддршка за младите во земјава, и упатија повик до сите кандидати за градоначалници и советници изборните програми да ги подготват во консултација и дијалог директно со младите. 

August 12, 2025 09:52
in ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Фото герила- младите во Северна Македонија
Извор: ХЕРА

Фото герила- младите во Северна Македонија Извор: ХЕРА

Share on FacebookShare on Twitter

Додека светот денес го слави 12 август – Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во Северна Македонија сè уште живеат во реалност исполнета со системски предизвици, ограничени можности и несигурна иднина,се наведува во соопштение на ХЕРА, Асоцијација за здравствена едукација и истражувањe, се вели во соопштението на здружението ХЕРА.

Организацијата укажува на високото ниво на невработеност и низа недостатоци во образованието, здравствените услуги и институционалната поддршка за младите во земјава, и упатија повик до сите кандидати за градоначалници и советници изборните програми да ги подготват во консултација и дијалог директно со младите.

Од високото ниво на невработеност, неквалитетно образование, недостаток на младински пријателски здравствени услуги, па сè до слабата институционална поддршка и недостигот на безбедни јавни простори, корупција, младите се принудени да бараат перспектива надвор од сопствената држава, се констатира во соопштенито.

Според официјалните податоци кои ги пренесува ХЕРА во своето соопштение, 23,7% од младите на возраст од 15 до 29 години се NEET – ниту во образование, ниту во вработување, ниту во обука, што е далеку над европскиот просек и сериозен сигнал за системска негрижа за оваа генерација. Податоците од најновата Национална стратегија за млади 2023–2027 укажуваат дека младите во земјата се соочуваат со ограничен пристап до услуги, ниско ниво на учество во јавниот живот и недоверба во институциите – повеќе од две третини од младите, сметаат дека не се вклучени соодветно во процесот на донесување на одлуки и дури 70% од младите не се заинтересирани за политиката.

Студијата за социо-политичко учество на младите во Северна Македонија потврдува дека половина од младите (51,4 %) сметаат дека властите воопшто не се грижат за нивните потреби и проблеми, а само 1,1 % сметаат дека властите целосно се грижат за нивните потреби и проблеми. Три четвртини од младите (73,7 %) досега не биле вклучени или консултирани од локалните или националните институциите при носењето одлуки. Загрижува и фактот што 74,4 од младите не припаѓаат на ниту една организација или друга форма на организирање.

Според ХЕРА, и покрај тоа што Законот за младинско учество и младински политики е во сила од 2020 година, неговата примена на локално ниво е минимална – само 19 општини имаат формирано локален младински совет, а локални стратегии за млади се усвоени само во 7 општини. Во меѓувреме, голем број млади се соочуваат со недостаток на јавни простори, културна изолација и отсуство на неформално образование и менторство.

Понатаму, од ХЕРА укажуваат дека ситуацијата со менталното здравје е подеднакво алармантна – дури 64% од девојчињата на 15-годишна возраст чувствуваат две или повеќе психосоматски тегоби еднаш неделно, а дури 53% од истата група имаат депресивно расположение. Насилството исто така е во пораст, потребни се Програми за унапредување на менталното здравје на децата и младите.

Во пресрет на претстојните локални избори, ХЕРА го искористи поводот на овој ден да упати повик до сите кандидати за градоначалници и советници изборните програми да ги подготват во консултација и дијалог директно со младите. Тие бараат конкретни чекори за подобрување на условите за живот на младите, не декларативна поддршка. Имено:

  • Воспоставување функционални младински совети во секоја општина, со јасна надлежност, транспарентна постапка за избор и реално влијание врз локалните политики и буџети.
  • Воведување на посебна буџетска ставка за младински политики и програми, со директно учество на млади во креирањето и надгледувањето на трошењето.
  • Обезбедување достапни, бесплатни и безбедни јавни простори за младински иницијативи, младински центри (сексуално и репродуктивно здравје, ментално здравје, креативно изразување, развој на субкултури) особено во помалите општини и руралните средини.
  • Поддршка за младинско вработување преку развој на локални програми за самовработување, менторски хабови, иновациски центри и субвенции за млади претприемачи.
  • Воведување на локални служби за ментално здравје – психолози, социјални работници, и мобилни тимови достапни за младите.
  • Поттикнување на соработка со младински организации за неформално образование, сексуално и репродуктивно здравје и културни програми.
  • Вклучување на младите во подготовката и реализацијата на сите локалните развојни стратегии.

Заминувањето на младите од државата нема да се реши со кампањи и повици за патриотизам и раѓања на деца. Ќе се реши со конкретни, мерливи и долгорочни инвестиции во нивниот потенцијал и услови за живот, велат од ХЕРА.

„Локалната власт е првата линија на контакт со младите во државата и токму таму треба да се започне со вистинските промени“, порачуваат од ХЕРА.

Тие ги повикуваат институциите, политичарите, медиумите и граѓанското општество да ја третираат младината не како маргинална група за отчет, туку како рамноправни партнери во носењето одлуки и креирањето на иднината. „Младите не се само иднината. Младите се двигатели на промената – тука и сега“, се заклучува во соопштението на ХЕРА.

Д. Т.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ