Жално е што Трајче заборавил дека убиецот на Мартин беше кадар на дпмне, пишува на ФБ Филип Херин, како реакција на твитот од извесен Трајче Трпев.
„Што Претседател на Собрание, Трајко Велјановски криеше и користеше службена функција за да заташка кокаин скандал на син му во Грција. Заборавил дека Смилковско е во време на дпмне и уште многу работи.
Но Трајче не заборавил дека сите медиуми кои не се финансирани од Палмино масло, а случајно таму работат македонски државјани, треба да се тепаат пошо “народот” на Трајче тоа го сака.
Значи, ако било кој од дпмне и после 2016 сака да рипка по мртви лешеви за да дојде на власт и да се заташка криминалот и хаосот за кој минимум десет години ќе ни требаат да се оправи, еве јас ќе му кажам дека џабе рипка.
А Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ нека размисли зошто се бара од нив и другите еснафски здружение и синдикати да се бојкотираат настани на дпмне.
Впрочем овој наратив на Трајче е највеќе вина на медиумската фела, која последниве години не се замараше било која дебата за добро на државата да се фокусира и да ги детектира ваквите работи кои во име на нечиј партиски “народ” уште би да тепа секој што поинаку размислува.“, пишува Филип Херин.