• Latest
Зоран Иванов

Хетерогени состојби – хетерогени медиуми – хетерогени вистини

May 3, 2022

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Хетерогени состојби – хетерогени медиуми – хетерогени вистини

May 3, 2022 08:39
in МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов

Зоран Иванов

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Новинарството е „седма сила и четврта власт“.

Но за да ги заслужи овие атрибути, првиот, што самото новинарство си го припиша за себе за да се најави во општествата како негова демократска совест и, вториот, што му го прикачија политичките структури со цел да му се додворат и да му ги неутрализираат неговите изворни цели, актуелното глобално светско новинарство е пред невозможна мисија.

Хетерогеноста на новинарската слобода како примарна претпоставка за професијата да се нарекува „новинарство“ е со непремостливи меридијански димензии. Ова со украинските настани, со руската агресија по милионити пат потврдува дека на светско ниво за новинарството генерално не можеме да зборуваме во суперлативи. Тоа, како со сегашниов руски случај, тамошното новинарство, тамошните медиуми, се во некаква агресорска функција и со уредувачка политика која, евидентно е и се креира во воените командни штабови. Згора, агресорските власти токму во името на нивната „вистина“, а со цел да не ги боли глава додека газат со тенковите по туѓи територии, ги испозатворија и оние малку слободоумни и професионални портали, радија и телевизии.

Но, за среќа по вистината, денес никој не е во можност да ги замолчи сите новинарски редакции дури и во земјите со најтоталитарни режими. Сателитските комуникации и интернетот се тие современи демократски алатки кои ѝ стојат на располагање на новинарската вистина и на фактичката објективност.

За кај нас, што да се заклучи за Светскиот ден на медиумите?

По режимското време, редакциите се вдахновени со доволно кислород непречено, самосвесно и совесно, согласно професионалните журналистички стандарди, да си ја туркаат и да си ја афирмираат својата професија. Се разбира, сето во рамките на автономните уредувачки политики кои, за жал, сѐ уште се обременети со разно разни притисоци поради специфични егоистични побуди и потреби, како на сопствениците на медиумите, така и на политичките и бизнис центрите на кои сопствената комоција им е поважна од општествената потреба за вистина, правда и правичност.

Сѐ на сѐ, македонското новинарство, еве благодарејќи и на бројните интернет портали, на новинарските редакции во нив, и наспроти таканаречените традиционални медиуми како весниците, радијата и телевизиите, на мошне високо професионално рамниште го одржуваат дигнитетот на новинарството и воопшто на медиумите и ја негуваат и унапредуваат македонската плурална демократија.


Текстот е напишан по покана од ЦИВИЛ, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ