„Вредностите кои што во ЦИВИЛ ги споделувавме беа еднаквост помеѓу народите, еднаквоста помеѓу жителите во нашата држава, промоција на мултикултурализмот. Сега доаѓам како вработен во општина Чаир, а знаеме дека Чаир е една од најдиверзитетните општини на ниво на цела држава, изјави на панел дискусијата „Различности, (не)дискриминација и искуства“ организирана од ЦИВИЛ, Фари Хисени, портпарол на општина Чаир.
Како што вели, таргетот на работа и луѓето со кои соработува остануваат исти, од тој профил.
-Целта на НВО секторот и државните институции е секогаш да се промовира мултикултурата како вредност на нашата држава и да се потрудиме секој граѓанин да има пристап до институциите, изјави на панелот, Хисени.
Целата панел дискусија може да ја видите на овој ЛИНК.