Активистот Бленди Ходаи со видео порака во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“, истакна дека на различностите треба да гледаме како на додадена вредност.
„Почитувањето на човековите права, различностите и маргинализираните групи е предуслов за нашата земја и за сите земји кои се стремат да бидат дел од Европската унија. Треба да работиме напорно, како млади луѓе да имаме општество во кое ќе се почитуваат разликите, општество каде никој нема да биде дискриминиран и игнориран, општество во кое на различноста и целата оваа разновидност на културите што живеат во нашата земја, ќе се гледа како додадена вредност за нас, а не како закана за земјата“, истакна Ходаи.
Диана Тахири
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети