Г -дин Абит Хоџа е истражувач на Нордискиот Институт за Медиумски студии на Универзитетот Агдер во Норвешка. Неговото истражувањесе фокусира на новинарство и справување со минатото. Тој во моментов работи на докторат со наслов Конфликтни вести производ јон во LMU Минхен, Германија каде што се фокусира на споредување на новинарството на Западен Балкан, Блискиот Исток и Големите езера во Африка преку реконструкција на покривање вести со производ на вести и начинот на кој доаѓаат вестите.
Завршил магистерски студии од Дурам Глобал Секјурити -Институтот на Универзитетот Дурам во Обединетото Кралство, како и магистер по Новинарство од Косовскиот институт за новинарство и Комуникација, и дипломирал на политички науки на Универзитетот во Приштина. Абит е ангажиран и во академски дискусии и истражувања на ттранзиционите општества, како и во обуки на новинари за чувствително известување.
„Мојата работа се фокусира на производството на вести и на конфликтите, а во отсуство на конфликт, на она што јас го нарекувам генеричка вест и производство на конфликтни вести. Во моментов работам на проект финансиран од ЕУ за повторно разгледување на минатото и предвидување на иднината, што доста се надоврзува на она што го кажа д-р Розман околу преобмислувањето или повторното откривање на империите додека го разгледуваме проблематичнот минато на Европа. Доста ме погоди, бидејќи всушност потекнувм од Косово.“, вели Хоџа во своите уводни зборово на Регионалната конференција „Напади врз демократијата и човековите права“, што се одржа во Скопје на 28 јули, 2021.
Хоџа се осврнува на начинот на демократизирање на општествата во Западен Балкан.
„Кога го проширив истражувањето надвор од Косово и Балканот, се запрепастив колку се всушност млади нашите демократии во Европа. Ако размислуваме за Шпанија и Португалија, за Грција и за Кипар, колку млади се овие демократии и тоа само за мојот животен век. Шпанија, на пример, премина во демократија и ние не размислуваме колку се кревки и овие демократии. Значи, само сакам да кажам неколку работи: прво, важно е да се одреди данокот според тоа кој го плаќа и мислам дека постои поширок консензус во евросферата, па да кажеме дека имаме противник што инјектира вести и медиуми што произведуваат таканаречени вести преку кампањи за ширење дезинформации во Европа, но и на Балканот. Особено на Балканот, во кревки општества како Косово и Македонија, Босна и Србија, до одреден степен. И откако рековме дека не можеме да го игнорираме фактот дека всушност европските земји, како што рече д -р Розман, не се имуни на тоа. Видовме доста од она што се случува во Словенија, видовме доста од она што се случува во Унгарија, видовме како се раѓаат општествени движења, како оние во Грција и во Германија, како и во други земји.
Не се гледа само на лажните вести, дезинформациите и хибридните напади, туку и се бараат слабите точки на целата оваа структура или функција на јавната сфера. Се разгледуваат довербата и падот на довербата како најважните тесни грла во оваа област.“, вели Хоџа.
Во однос на општат перцепција за пласирањето лажни вести, Хоџа посочува на демократските алатки што ги употребуваат владите низ Европа.
„Целата поента на лажните вести и дезинформациите е да не се верува дека крави летаат во Русија, да се намали довербата во вистинските вести во Германија, за германската внатрешна политика, локалната политика, родовите прашања, миграцијата, бројките за миграција, бројките за состојбата со пандемијата, инфекциите, вакцините, ефективноста на вакцините. Кога го велам ова, не можам а да не се сетам на нешто што веројатно го знае д-р Розман, нешто што се нарекува „зајакната демократија“ или „милитаристичка демократија“.
Знаете, тоа е кога демократиите ги користат своите сопствени алатки, законски алатки, за да ја ограничат слободата на изразување. И ова што ќе го кажам сега можеби ќе ви звучи малку контроверзно, но, на пример, во Германија, сосем е нелегално да се прикажуваат нацистички симболи како што се свастиката и нацистичката пропаганда и тоа од многу добра причина, но ова се прави со примена на демократски алатки. Видовме слични акции преземени од владите во Унгарија, Словенија и на Балканот, каде што владите се обидуваат да ги воздржат медиумите да објавуваат информации во врска со состојбата со пандемијата, а тоа се внатрешни фактори. Ова не е како некој во Русија да каже некому на Косово да им прати полиција на медиумите. Ова е практика што се користи во демократиите.“
„Другата важна работа е дека сите ние во Европа се бориме со демократијата и демократијата не обичен збир правила. Она што го велев, а и она што го гледаме е внатрешна борба во демократиите, а демократијата е процес што извира од дното кон врвот, речиси никогаш не е процес од врвот кон дното и станува многу кревок кога постои авторитарно политичко раководство кое не сака да прифати целосно демократски практики.
Ги потврдивме извештаите: Извештај на Советот на Европа за руското влијание врз медиумските содржини во Европа, неодамна и Извештајот за состојбата на демократијата, човековите права и владеењето на правото. Во извештајот на Советот на Европа се наведува дека во текот на 2018-2020 година, почитувањето на слободата на изразување била во опаѓање во многу земји, што значи, многу земји-членки на Советот на Европа, и тоа е загрижувачки, бидејќи тие се легални. Ова се демократски институции до кои се придржуваат земјите-членки и овој извештај самиот се критикува за падот на демократиите. Не сакам премногу да навлегувам во детали и да го оддолговлекувам разговорот, бидејќи мислам дека ни е ограничено времето, но во книгата на Стивен Левицки и Даниел Зиплок под наслов: „Како умираат демократиите“, едно од тесните грла на падот на демократиите или смртта на демократиите е функцијата на вратарите. Во денешната технолошка реалност, треба да ја преиспитаме функцијата на вратарите. Последните 15 години истражував медиумски и новинарски практики и никогаш не сум сретнал политичар кој сака медиумите да го испитуваат или да му вршат проверки.“, се осврна Хоџа во однос на влијанието на Руските медиумски содржини во Европа.
Хоџа вели дека трката за заедничка демократизација на комуникацијата треба да се третира со уредувачки политики и со структурен начин на проверка на информациите.
„Груб заклучок е дека политичките лидери не ги сакаат медиумите токму поради функцијата што ја имаат. Всушност, не сакаат да се провери она што го велат, да се третира со овие уредувачки политики и со структурен начин на проверка на информациите и оваа функција е разредена до одреден степен во трката на социјалните медиуми, во трката за заедничка демократизација на комуникацијата. Сѐ што носи многу позитивни работи и позитивни промени носи и многу гласови, но исто така доаѓа и со своја цена.“
„Но, другото нешто што сакав да го кажам овде е дека од косовска перспектива и само мал дел од моето истражување е фокусирано на Косово. Ние треба да ги разгледуваме државите од еден вид сеопфатна перспектива. Во земјата каде што живеам сега, во Норвешка, бележиме најдобар резултат во слободата на изразување, во никој случај не е секогаш меѓу првите три или првите четири земји со медиумска слобода. Косово е на средина на ранг-листата, но ова мора да го гледаме како процес, како сеопфатен процес од образование до други фактори кои влијаат на севкупниот квалитет на демократијата во која живееме. Квалитетот на демократијата зависи директно од квалитетот на новинарството.
Има една германска поговорка, сега не сакам да се засрамам поради погрешно изговарање, но вели „вашата демократија е добра колку што е и вашето новинарство“ или „добра е колку што е добра слободата на печатот“ и треба да видиме како ќе ги решиме овие проблеми преку сеопфатен пристап, а токму сеопфатниот пристап не сме го преиспитале, не сме размислувале за неопходните реформи, за образованието. Образованието започнува од основно, па средно училиште, па до универзитет во областа на медиумска писменост и информатичката писменост. Во полето на разбирање на политичкото учество не е само одговорноста за активно граѓанство, туку и обврската за функционална демократија.
Треба да размислиме и за алатките со кои ја мериме довербата. Можете да бидете политички лидер 10 години, а потоа, поради мал скандал со непроверени информации вашата кариера да согори во пламен. Можете да бидете Мајка Тереза цели 20 години, за потоа една медиумска содржина да ви ја уништи целата кариера без проверени докази. Сега сме во фаза кога не можеме да ги отфрлиме сите овие работи. Не можеме да ги поништиме сите овие случувања, на пример, и ќе завршам со ова: Косово има околу 1,7 милиони жители и има 2 милиони сим картички што обезбедуваат интернет. По дефиниција, повеќето од возрасните имаат повеќе од една SIM картичка што обезбедува интернет. Другата работа е што Косово има најголем број жители со пристап до интернет, не само како домаќинства, така што продорот на интернетот е 96 проценти. Не зависи сѐ од телевизијата, ние во Косово веќе една година немаме печатени весници. Со Фејсбук и Јутјуб, ИПТВ и други платформи базирани на интернет, само футуристичка белешка, ако смеам, Марк Закерберг самошто објави дека Фејсбук ќе биде метаверзумска компанија, а не повеќе социјален медиум. Така, тие сакаат да изградат реалност каде што не треба дури ни физички да одите на училиште или дури не треба да одите во државна институција за вашиот извод, итн., туку сето тоа можете да го направите преку Фејсбук.“, посочува Хоџа во однос на алатките со кои треба да се мери довербата во медиумите.
„Треба да го преиспитаме образованието, треба да ја преиспитаме демократијата, треба да ја преиспитаме довербата во медиумите и во политичкиот систем, како и политичкото учество, да ја негуваме нашата демократија и само да додадам на таа изјава дека вашата демократија е добра колку што е добра вашата слобода на печатот. Би сакал да додадам дека вашата демократија е добра какво што е вашето учество во таа демократија и колку што ја користите таа слобода на печатот, слободите што ги имаме, а слободите не произлегуваат само од природата дадена од Бога…од какви било дадени права, туку повлекува и одговорност што треба постојано да се исполнува. Немам упатство како да се поправат сите овие работи, но во однос на политиката мислам дека нештата не може да се поправат само со обука на новинари и обука на политичари за подобра комуникација. Мораме да се поправиме од дното нагоре, со целисходен и сеопфатен структурен пристап.“, порача Хоџа.
Д. Тахири
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Огнен Бошњаковски