-Јас би се сложил дека нашата држава има потреба од политики на позитивна дискриминација, но позитивната дискриминација не смее да прерасне во она што се вели чиста дискриминација. Правото на правична и соодветна застапеност произлегува од Рамковниот договор, и тоа начело е многу важно за нашето општество затоа што ние 70 години никако да дојдеме до тој момент и јас никако не би го потценил. Мислам дека е еден од клучните кохезивни елементи во нашето општество, изјави Џељо Хоџиќ од Агенцијата за остварување на правата на заедниците на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“.