• Latest

И по Брегзит, Велика Британија ќе биде заинтересирана за Западен Балкан

March 4, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

И по Брегзит, Велика Британија ќе биде заинтересирана за Западен Балкан

March 4, 2018 07:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот дипломат Ендрју Пејџ, координатор на Самитот ЕУ – Западен Балкан, што во јули ќе биде одржан во Лондон, изјави дека Велика Британија  и по Брегзит ќе остане силно заинтересирана за стабилноста и економскиот напредок на Југоисточна Европа, потенцирајќи оти Лондон и понатаму сака да биде сигурен партнер на „европскиот проект“.

Тој во разговор за хрватската новинска агенција ХИНА се осврна и на „долготрајните политички спорови поради кои е успорен патот на некои земји кон ЕУ“.

 

Тој ја спомна грчката блокада за Македонија поради спорот за името. Пејџ истакна дека „тоа не е во фокусот на Берлинскиот процес, но оти во интерес на сите  да се решат билатералните спорови“.

Пејџ наведе дека секој од тие спорови имаат своја динамика.

– Охрабрени сме од одреден напредок што е постигнат во разговорите помеѓу Македонија и Грција, сакаме да видиме дополнителен напредок… Ние како надворешен играч единствено можеме да направиме се за да ги охрабриме и за да посредуваме во решавањето, истакна Пејџ.

Западен Балкан.jpg

Тој додаде и дека исто важи и за случајот со Хрватска и Србија.

– Неодамна имаше многу важна посета на претседателот (на Србија, Александар) Вучиќ. Ние со голем интерес ја следевме посетата. Видовме дека е направен напредок во одредени подрачја, но има уште многу работа на долгата листа на отворени билатерални прашања помеѓу Хрватска и Србија. Гледаме одреден простор за охрабрување од самиот факт дека за тие прашања се разговара, наведе Пејџ.

Тој истакна и дека Велика Британија „ќе ги почитува обврските за ЕУФОР и за КФОР“.

КФОР

– Да британската јавност гласаше за излегување од ЕУ и тоа ќе се случи во март 2019 година, но без оглед на фактот дека ќе ја напуштиме ЕУ и понатаму ќе бидеме членка на НАТО. Во случај на Западен Балкан одлучни сме да ги почитиваме сите обврски за ЕУФОР и за КФОР.

Пејџ во последните две недели претстојуваше во Загреб, каде со хрватските претставници разговараше за подготовките на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Тоа е петгодишен состанок на лидерите од земјите од Западен Балкан, кои се стремат за членство во ЕУ со претставниците на Унијата во рамките на Берлинскиот процес, кој во 2014 година го иницираше германската канцеларка Ангела Меркел, со цел да ги охрабри земјите од регионот во спроведувањето на реформите, како и да се покаже дека и покрај уморот од проширување и понатаму е отворена вратата на Унијата за сите земји кои ќе ги исполнат критериумите за членство.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: БрегзитВелика БританијаЗападен БалканМакедонијаПејџ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ