• Latest

И по Хајндл, нема лидерска средба

July 7, 2016
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

И по Хајндл, нема лидерска средба

July 7, 2016 11:44
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат средбите на работните групи на политичките партии – потписнички на Договорот од Пржино. Денешната средба е најавена во резиденцијата на Европската унија. Теми на разговор продолжуваат да бидат реформите во медиумите и  моделот со кој ќе се прочистува Избирачкиот список. На средбата ќе присуствуваат високи претставници на четирите партии, евроамбасадорот Аиво Орав, а се очекува да се придружи и американскиот амбасадор Џес Бејли. 

До средбата доаѓа по вчерашната посета на специјалниот пратеник на германското Министерство за надворешни работи Јоханес Хајндл. Тој се сретна со лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА, но не и со Никола Груевски од ВМРО – ДПМНЕ. Од партијата не соопштуваат која е причината што Груевски не разговараше со Хајндл.

Лидерот на СДСМ,  Зоран Заев, порача дека нема време за чекање и дека мора да се дејствува брзо за исполнување на условите за фер и демократски избори. „И за Избирачкиот список и за медиумите можен е договор во следните денови, ако за тоа постои политичка волја, бидејки на маса се конкретни технички чекори што треба да се направат, а што може да не зависат од политичките партии“, изјави Заев.

Како што се наведува во партиското соопштение на ДУИ, Али Ахмети истакнал дека партијата е заинтересирана преостанатите прашања да се решат што е можно побргу и реформите да се спроведуваат за да се организираат сеопфатни избори. Според соопштението, тој го уверил Хајндл дека ДУИ е конструктивен партнер на сите што сакаат решение на кризата и оти се заинтересирани оваа ситуација да се надмине што е можно поскоро.

По средбата со Хајндл, лидерот на ДПА, Мендух Тачи порача дека ситуацијата во моментов е исклучително тешка и сложена и дека не гледа оти таа ќе може да се реши.

И по третата посета на Јоханес Хајндл за само еден месец, тој не успеа да договори заедничка лидерска средба.

ЦМ

Tags: лидерска средбаМакедонијаПржиноработнигрупиХајндлЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ