Пред очите на македонската и меѓународната јавност се одвива завршната фаза од тајната разузнавачка операција „Коњички скок“, која има крајна цел враќање на Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) во Северна Македонија и соборување на актуелната власт – се вели во најновата анализа на Меѓународниот институт ИФИМЕС со наслов „Северна Македонија 2021: Албанците ја предаваат државата во руски раце?“.
Во пресрет на седницата за доверба на Владата што ќе се одржи во Собранието на Северна Македонија на 11 ноември 2021, ИФИМЕС во анализата вели дека ја предупредил јавноста дека Зоран Заев (СДСМ) и неговата влада ќе бидат соборени по локалните избори, а тоа сценарио во моментов е во завршна фаза на реализација.
„Процесот започна јавно со објавување на „нон-пејперс“ кои му се припишуваат на словенечкиот премиер Јанез Јанша (СДС/ЕПП). Во Северна Македонија и Босна и Херцеговина се одвиваат два паралелни дестабилизациски процеси, и двата координирани од Будимпешта. Оправдано е прашањето за улогата на Словенија како претседавач со ЕУ и нејзиниот премиер Јанез Јанша во овие процеси“, пишува во анализата на ИФИМЕС.
Целата анализа на македонски јазик ТУКА.
Прочитајте и: