• Latest

Или „Прц“ или „Цврц“!

February 25, 2016

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Или „Прц“ или „Цврц“!

February 25, 2016 13:31
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Конечно, една добра вест драги наши пријатели и пријателки, другарки и другари, браќа и сестри, а богами и граѓанки и граѓани! Откриено е тајно оружје, со кое ќе се воведува политички плурализам, а богами и свежина, во нашата зачмаена политичка сцена, и ќе се врати демократијата!

Пишува: Петрит Сарачини
Пишува: Петрит Сарачини

Нормално, за такво нешто не се способни комуњарите, соросоидите, предавниците, клетите чпиони, кодошите, странските служби и мрачните сили, па пак, ќе мора маката да ја трга нашата омилена патриотска партија, која од Александра, па и порано, па сé до денешните денови, го брани македонскиот народ од другите, а и од самиот себе.

Значи, да не должам, во рамки на МВРО, пратениците Пишев и Амди ќе ја основале фракцијата на средниот прст – “Прц”. Веднаш се нашол и портпарол – чичето кој на „црниот понеделник“ пред Собранието, а неколку месеци подоцна и при кршењето на Општина Центар, елоквентно и покажа на целата македонска јавност невиден талент и демократски капацитет.

Главна програмска цел на новата фракција е да најде уште тројца и да станат парламентарна група, за да може Амди, како координатор, да каже нешто процедурално во битни моменти за државата, кои вака поминуваат безначајно и безбојно, без “гол со пета”, некое чукуладо, кока-кола и слични бравурозни и незаборавни моменти, кои “Прц” со задоволство би ни ги приредувал.

Секако, единствена пречка на патот кон успехот за „Прц“ е една друга фракција која веќе постои во МВРО, онаа која верува дека земјата е рамна плоча, а која се нарекува со називот „Цврц“, секако не поради склоностите и љубовта кон кока-колата. Во битката меѓу овие две фракции, ќе се определи светлата иднина на мајка Маакедонија.

Tags: АмдиМакедонијаПетрит СарачиниПишевЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ