Сакам да истакнам дека Министерството за Одбрана ги согледува заканите како што се природни закани, хибридни војни и дезинформации и климатски промени. Јас ќе се обидам да ги објаснам дезинформациите како закана, истакна потполковник Александар Илиев од Министерството за Одбрана на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“
Дезинформациите се поврзани со повеќе закани за национална безбедности и делуваат негативно врз власта, поделба на граѓаните и имаат моќ врз волјата на граѓаните кон евентуална агресија. Интернетот и новите технологии како вештачката интелигенција и методи на користењето на „тролови“ и „ботови“, овозможува дезинформациите да се шират глобално, брзо и со висок интензитет. Министерството за Одбрана има задача да ја обезбеди национална и државна безбедност. Министерството за Одбрана изработува класифицирани информации за сите тие дезинформации што се шират.
При извршување на такви задачи министерството за одбрана користи искуство од претходно и научени лекции , лекции кои велат дека луѓето се подложни на дезинформациите без разлика на нивото на образование. Самото негирање на дезинформациите не е ефективен метод, повторувањето на дезинформациите е контра продуктивно. Позитивни резултати кои можат да се постигнат преку создавање способност на критично размислување и методите на манипулација. Медиумите се клучна алатка во борба против дезинформациите. Говорот на омраза е вид на цензура а и таа е пречка за слободно известување на различни мислења.