Аналитичарот Луан Имери на конференцијата „Различностите – благодаат или проклетство“ во организација на Цивил, се осврна на мултиетничкиот карактер на Шарената револуција. Тој сепак истакна и дека таквата енергија потоа повторно беше нарушена.
-Таман помислив дека ни тргнува со Шарената револуција и мислев дека одиме на добар чекор… Имавме протест на заеднички, со албански и македонски знамиња, јас се организирав со пријатели Албанци, Македонци, Турци да одиме на протест против режимот. Тоа беше супер. Меѓутоа што се случи после тоа? Се случува прослава на ДУИ на Рамковен договор и имаме свиркање на водителката која зборува македонски јазик. Никој не го осуди тоа. Ниту ДУИ го осуди тоа, рече Имери.
Тој додава дека не дел од неодамнешните протести имаше случувања и кога се скандираше против Албанците
-Тоа помина глатко, со мир во куќата, секој се чувствува сигурно во своето стадо, кажа Имери.
М. Д.
камера: Александар Ризински
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Ангел Ангеловски