Загрижува што интелектуалците не реагираат на говорот на омраза, оцени аналитичарот Луан Имери, зборувајќи на конференцијата „Различностите – благодаат или проклетство“. Според него академската јавност во моментов функционира на линија на помал отпор.
-Со професорот Петар Атанасов инициравме осуда на нападот над Украина од страна на Русија, а многу малку професори од „академската заедница“ се потпишаа на таа иницијатива. Зошто? Не можам да сфатам. Сите сме против војната. Ајде да потпишеме петиција или некаков документ со кој ги повикуваме нашите колеги од Русија, Украина за да можат да направат нешто за да се помириме и да ја прекинеме оваа војна, но немаше иницијатива. Сите некако се затворени, рече Имери, додавајќи дека се прокламира мултиетништво, а сите затвораат сите во сопствените кругови.
М. Д.