• Latest

ИНФОРМАЦИСКИ ХАОС: Латас продолжува неказнето да поттикнува омраза кон „соросоидите“

October 8, 2021
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

ИНФОРМАЦИСКИ ХАОС: Латас продолжува неказнето да поттикнува омраза кон „соросоидите“

October 8, 2021 10:09
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Четири години по неславниот крај на „Стоп операција Сорос“ и повикот на Груевски за „десоросоизација“ на земјата, што беше дел од радикализацијата на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ која го продуцираше насилството во Собранието на 27 април 2017-та, повторно сме сведоци на медиумски говор кој поттикнува омраза кон тнр. „соросоиди“ од страна на Драган Павловиќ – Латас.

На 27.09.2021, во гостување на емисијата „Што не е јасно?“ на ТВ Алфа, Латас во неколку наврати зборуваше против „соросоидите“, во кои вброи повеќе невладини организации и медиуми, користејќи навреди и дезинформации.

На пример, развивајќи теорија на заговор, Латас во дел од разговорот зборува против невладините организации „Цивил“, „Метаморфозис“, „Анима Мунди“ и порталот „Фронтлајн“, нарекувајќи ги „медиумско ѓубре“ и стигматизирајќи ги како странски платеници.

Понатаму, во гостувањето на ТВ Алфа, Латас ги стигматизира и медиумите „Слободен печат“, „Фокус“, „Фактор“, но и невладината организација ЦИВИЛ, како медиуми кои се на „соросоидната страна“, како медиуми кои „примаат пари од државни огласувачи или директно од државен буџет, ми го уништуваат бизнисот…“. Во овој исказ се крие една ноторна дезинформација и клевета, бидејќи невладината ЦИВИЛ во 22 години постоење нема добиено ниту еден денар од државата.

Латас – историја на дискриминација и омраза кон „соросоидите“

Но, на познатиот медиумски пропагандист Драган Павловиќ – Латас не му е првпат да ги напаѓа невладините организации и медиумите на ваков начин. Тој е одамна документиран како лице кое поттикнува дискриминација и омраза кон „соросоидите“.

Во „Црната книга“ (2010, стр. 48), Роберто Беличанец дава исечок од една негова колумна во која зборува против „соросоидите“ и „соросоидните новинари“, обидувајќи се да го оправда говорот на омраза и насилството на скопскиот плоштад на 28.03.2009:

„Соросоидите се обидоа да ја свртат логиката. Вината била кај легалните верници, и легалното право на црква. Тие биле невини. Навредливо било ако десет хомосексуалци прошетаат низ улица Македонија, и некој им дофрли – уа педери! Тоа за соросоидите, хермафродитите и кускулињата како Николче Младенов од Фокус, и слични, е хајка. А не е хајка ако навредите сто илјади верници. Тоа за соросоидните новинари е демократија“ (Вечер 28.12.2009 “ХАЈКА“ Драган Павловиќ Латас).

Исто така, во Црната книга е поместен исечок и од уште еден напис против „соросоидите“ од весникот „Вечер“, во периодот кога главен и одговорен уредник е токму Драган Павловиќ – Латас: „ОД СОРОСОИДИ ДО МЕГАФОНИ, НОВИНАРИ НА ПЛАТНИОТ СПИСОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЦРВЕНКОВСКИ. А ШТО ВЕЛИ ЗНМ?“ (Вечер 9.11.2009).

Долгогодишната хајка против „соросоидите“ во Вечер и на ТВ Сител

Во весникот „Вечер“ и на вестите на ТВ Сител, уредувани од Драган Павловиќ – Латас, континуирано и со години се стигматизираа јавни личности, новинари и нивното здружение ЗНМ како „соросоиди“.

Во анализата  „Патриотски“ говор на омраза: омраза кон невладини организации и активисти (2) укажав дека од медиумско – партиската пропагандна хајка против „соросоидите“ можеме да извлечеме мноштво примери за „патриотски“ говор кој има намера да поттикне омраза кон невладини организации и активисти кои отворено ги критикуваат властите. Во таа анализа дадов повеќе примери од медиумски наслови кои ги претставуваа „соросоидите“:

  • како шпиони – насловот “Соросоиди” ја шпиунираат работата на Советот за евроинтеграции (Сител);
  • како „терористи“ и „платеници“ кои го уништуваат новинарството – насловите „Терор од соросоидите врз новинарството!“(Вечер) и „Соросовите платеници удрија по новинарите“ (Сител);
  • како заканувачи, насилници и поттикнувачи на кривични дела – насловите „Соросоидите на Бранко со фотокопии ја држат цела нација во страв“(Вечер),
  • „Соросоидите повикуваат на палење на израелската амбасада“ (Вечер),  „СОРОСоидите ги поттикнуваат Ромите на кривично дело – неплаќање данок“(Вечер) „Соросоидите играле прљаво насекаде, па и во Америка“ (Вечер);
  • како „парадржавна власт“ и „банда“, преку насловите („Соросоидите со повеќе пари, и посилни и од владата!“(Вечер) и „Соросоидите владеат во Центар – парадржавна власт среде Скопје!“ (Вечер) на кои имаше објавените коментари со отворени повици за насилство („ќе се тркалаат глави предавнички, линч за душманите на сопствениот народ…“);
  • како „предавници на името“, во написот „Експертите од ГЕМ го ‘решаваат’ името за 310.000 евра!“ – школски пример за клеветничко и конспиративно новинарство кое има намера да поттикне „патриотски“ говор на омраза кон „предавниците“.

 

Кога Латас беше јавно посочуван како извор на говор на омраза, во типичен пропагандистички манир, исто како што се обиде да ја префрли вината за насилството на плоштад во 2009 врз жртвите, тој се обиде да ја префрли вината за сопствениот говор на омраза и етикетирањето – врз новинарите „под контрола на Сорос“:

„Драган Павловиќ – Латас, кој често се посочува како еден од главните извори на говор на омраза и етикетирање на новинарите, вели дека ниту тој ниту редакциите во кои е уредник немаат никаков спор со новинари. – Имаме спор со концепти и општествени движења, особено во делот на медиумите и новинарството кои ги форсира Соросовиот Институт „Отворено општество“. Конфликтите кои се случуваат помеѓу новинари од редакциите во кои сум уредник и медиуми или новинари кои се со силно финансиско влијание на Институтот на Сорос, се тензии кои се градат, одржуваат и добиваат значење токму под контрола на Сорос и на Владимир Милчин.“ (Нокаутирана новинарската етика, Дневник / 08.01.2010)

Од говор на омраза кон „соросоиди“ до „десоросоизација“

Говорот на омраза против „соросоидите“ кулминираше, кога беше најавен процесот на „десоросоизација“ од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на протестот пред просториите на ДИК на 17 декември 2016. На тој протест имаше експлицитни закани за насилство со споменување на „Ноќта на долгите ножеви“ и отворени смртни закани кон тогашниот лидер на опозицијата (види повеќе).

Говорот на омраза против „соросоидите“ се засили во провладините медиуми преку т.н. граѓанската алијанса „Стоп операција Сорос“ која повика на „десоросоизација“ на македонското граѓанско општество, додека владата спроведуваше истрага во повеќе од 30 невладини организации во почетокот на 2017.

Процесот на „десоросоизација“ претставуваше кулминација на омразата на тогашниот политички врв и беше насочен кон бранителите на човекови права, ескалирајќи во ситуации кои ја загрозуваа безбедноста. Да не заборавиме дека во почетокот на 2017 година, откако Груевски не можеше да формира влада, беа испраќани погребни венци до новинари, луѓе од граѓанскиот сектор и медиумите беа предмет на напади на јавни места, а вонредните финансиски контроли вршеа притисок врз бранителите на човековите права. (види повеќе).

Дали омразата на Латас кон „соросоидите“ ќе помине и неказнето и овој пат?

Во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, бевме сведоци како ваквиот неказнет говор, кој поттикнуваше омраза кон „соросоидите“, предизвикуваше загрозување на сигурноста на бранителите на човековите права и на новинарите што беа стигматизирани како „соросоиди“.

Дали државните институции повторно ќе молчат како порано и нема да го санкционираат говорот кој поттикнува омраза кон „соросоидите“ на Драган Павловиќ – Латас, кој е продолжение на деценискиот говор на омраза кон бранители на човекови права, новинари и медиуми кои се стигматизираа како „соросоид(н)и“?

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ