Политичката партија Левица, поднесе иницијативата во Уставен суд со која се бара поништување на Одлуката за распишување на референдум донесена од Собранието на Република Македонија.
„Нашиот Правен сектор смета дека постојат сериозни формалноправни и материјалноправни причини за оспорување на наведената одлука како противуставна и противзаконита, бидејќи истата не е во согласност со Уставот на РМ, Законот за референдум и другите облици на непосредно изјаснување на граѓаните, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија“, наведуваат од Левица.
Д. М.