Пратенциите од владејачкото мнозинство најавија дека претпладнево ќе ја достават иницијативата за распишување на референдумот за името до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Според информациите од пратеничката гурпа на СДСМ, нивните пратеници веќе ги собрале потписите за иницијативата за распишување референдум, а на неа се потпишани и пратеници од ДУИ и од БЕСА. Се чека да заврши координацијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по што и ним ќе им биде понудена иницијативата.
Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери. Претседател на Комисијата е Оливер Дерковски, потпретседател Дитмире Шеху, а членови се Елизабета Постоловска, Борис Кондарко, Јанаке Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салиу.
Седницата на собраниската Комисија за надворешна политика, на која министерот за надворешни работи Никола Димитров требаше да реферира за остварувањето на меѓународната политика, е презакажана за 1 август.